• Latest

Пендаровски и Силјановска-Давкова се оградија од повиците за бојкот, повикуваат граѓаните да излезат на гласање

May 1, 2024

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Пендаровски и Силјановска-Давкова се оградија од повиците за бојкот, повикуваат граѓаните да излезат на гласање

May 1, 2024 09:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Двајцата кандидати за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова се на ставот дека граѓаните треба да излезат на гласање на 8 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателскиите избори. И двајцата вечерва се оградија од повиците за бојкот.

На вечерашната дебата на „Клик плус“ на телевизија 21, Силјановска-Давкова рече дека е антиевропски чекор доколку не се случи потребната излезност од 40 проценти во вториот круг од претседателските избори, а Пендаровски рече дека мора да се почитува Уставот, иако смета дека не би требало да има долен праг.

– Доколку не се случи излезноста од 40 проценти, тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор, бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР по најмалку четири мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 отсто оти кога одат двајца, еден треба да биде избран со релативно мнозинство, посочи Силјановска Давкова.

Таа додава дека пораките за бојкот воопшто не се во духот на парламентарната демократија.

-Некои пораки што ги слушаме за бојкот, воопшто не се во духот на парламентарната демократија, туку се наспроти парламентарната демократија, бидејќи јасно е дека овие 40 проценти туркаат во политички пазар, во уцени, во спогодби, а ние кандидатите бараме граѓаните да кажат дали сме за претседател подобни и соодветни, појаснува Силјановска Давкова.

Според Пендаровски, не станува збор дали некој кандидат бара или не бара бојкот, туку за уставна одредба што мора да се почитува, а во која се вели дека 40 проценти од гласачкото тело мора да излезе за да има валиден претседател.

– Овде станува збор за, за жал, уставна одредба која мора да се почитува, а која вели 40 проценти од гласачкото тело мора да излезе за да имаме валиден претседател. Јас сум да менуваме Устав и да немаме долен праг, затоа што кој сака да гласа има право да гласа, тоа никому не му е оневозможено, посочи Пендаровски.

Повиците за бојкот, вели, доаѓаат од политичката структура која ја поддржува Силјановска Давкова. Според Пендаровски, треба да се избере претседател на 8 мај бидејќи во спротивно би влегле во политичка криза и неизвесност.

– Од моја страна ниту некогаш било кажано, ниту некогаш помислено, гласачите кои ме поддржуваат да бидат наведувани на така наречен израз на ВМРО-ДПМНЕ – тивок бојкот. На секоја средба со граѓаните, на секој митинг јас велам „Излегувајте и гласајте. Македонија треба да има претседател на 8 мај, затоа што се друго освен тоа е влез во политичка криза, во неизвесност и тоа не ни е потребно. Јас сум првиот кој вели не за бојкот и ургирам сите, и оние кои ме гласаат и оние кои нема да ме гласаат да излезат и да го искористат своето демократско право, додава Пендаровски.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ