„Тоа што можам да го кажам, да го повторам нашиот став, а тоа е дека нема никакви отстапки и не може ни да има, од националните и државните интереси, кои подразбираат дека нема преговор за нашиот идентитет. Тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет не треба да има“, одговори претседателот Пендаровски на новинарско прашање за наводен бугарски компромис каде ќе го признае македонскиот јазик и народ, а за возврат Македонија да ги признае нивни историски корени.
Премиерот Заев истакна дека нема нови информации за тоа што го пишуваат меѓународни портали, кои нашите медиуми исто ги пренесуваат.
„Грција го призна нашето право на самоопределување и тоа е наше чувство и секако преговори за нашиот идентитет и македонски јазик нема и не треба да има. Бугарија е пријателска земја и јавно го истакнува признавањето на македонскиот јазик и народ, ја признава реалноста. Јас верувам дека работните групи кои работат и разговараат секако ќе ги изнајдат решенијата. Навистина очекувам од бугарскиот народ и лидерството на Бугарија да направи конкретен и прецизен чекор за македонскиот јазик и народ. Уште еднаш ќе напоменам, нема нов договор, ниту анекс на договор, ние сме подготвени да ги појасниме, допрецизираме и изјавиме одредени работи. Навистина имаме многу успеси, десет седници се одржани, најдени се решенија за 5 историски личности во 3 историски периоди, продолжуваме и понатаму ќе ги изнајдеме личностите“, истакна Заев.
Уште еднаш можам само да ги охрабрам комисиите да продолжат низ духот на пријателството, вели Заев, да ги наоѓаат сите наши заеднички и поврзовни историски периоди кои нè поврзуваат.