Претседателот Стево Пендаровски на отворањето на Преспа форумот за дијалог на украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњукда и ја врачи наградата која Форумот му ја додели на храбриот народ на Украина за нивната борба за слобода и демократија.
Имав чест на отворањето на Преспа форумот за дијалог да ја врачам наградата која Форумот му ја додели на храбриот народ на Украина за нивната борба за слобода и демократија. Симболично признание за нивната пожртвуваност, храброст и отпор во заштитата на својата земја и зачувување на слободата, идентитетот како и нашата заедничка иднина. Наградата во име на Украина ја прими украинската амбасадорка во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, напиша Пендаровски на Фејсбук.
Амбасадорката Задорожњук во објава на Фејсбук се заблагодари на претседателот и на пријателска Северна Македонија за наградата.
Благодарам почитуван претседателе Стево Пендаровски, благодарам пријателска Северна Македонија за оваа престижна награда за „храбриот украински народ кој херојски се бори за мир и демократија во Европа“.
Ние, Украинците сме храбар, херојски и храбар народ.
Само заедно, ние, демократските земји, ќе ја победиме руската автократија.
Веруваме и работиме заедно за победа!, напиша Зедорожњук во објавата.
Ние, Украинците сме храбар, херојски и храбар народ.
Само заедно, ние, демократските земји, ќе ја победиме руската автократија.
Веруваме и работиме заедно за победа!, напиша Зедорожњук во објавата.
Драган Мишев