„Денес, по цели 26 години по Декларацијата во македонското Собрание, станавме de facto членка на НАТО, со што ја реализиравме најголемата стратешка цел зад која стоеја буквално сите политички елити и раководства од 8 септември 1991 наваму“, напиша денес на твитер Стево Пендаровски, националниот координатор за НАТО.
Пендаровски денеска заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров присуствуваше на потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО во седиштето во Брисел, каде амбасадорите на 29 земји членки на Алијансата го потпишаа Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
„Ова беше долг пат што пред многу години го почнавме со уште девет земји, Македонија наскоро, со стапувањето во сила на уставните измени, ќе стане Северна Македонија. Со ова ја исполнуваме стратешката цел-членство во НАТО. Ова е резултат на работа на многу генерации и должност на нашата генерација“, рече Димитров.
А. П.