• Latest

Пендаровски: Модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот

June 30, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Модификуваниот француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот

June 30, 2022 17:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ми соопшти, а јас тоа му го пренесов и на нашиот премиер Димитар Ковачевски, дека Франција како претседавач со ЕУ ќе направи модификации во предложениот текст на преговарачката рамка, информира шефот на државата Стево Пендаровски од Мадрид, додавајќи дека овој предлог е далеку подобар за нас од претходниот.

Не станува збор за нов предлог. На две-три места во предлогот има модификации кои тие ги направија во консултација со двете страни. Меѓутоа, ние рековме да не ја повториме грешката од минатиот пат, не може никој – не претседател, не премиер – никој не може да зборува во име на цела нација, на цела држава, постојат надлежни институции кај нас. Ние не сме не знам која држава од трети, четврти свет. Мораме тоа што е сега модификуван француски предлог да го искомуницираме, се разбира прво во Владата, коалициските партнери да си го искомуницираат, мора да се искомуницира со македонската јавност и мора да се искомуницира со македонскиот Парламент, вели Пендаровски во изјава за Сител, пренесува МИА.

Шефот на државата изјави дека е запознат со содржината на предлогот, но како што вели „џентлменски“ е да не го коментира додека не добиеме официјален одговор од Софија и од Скопје.

Ќе се очекува од двете страни да го соопштат својот став и тука имам мала резерва за Софија, затоа што таму е поприлично хаотична политичката ситуација во која нема Влада, Владата е падната, а министерката за надворешни работи која е практично најистурениот играч од нивна страна во овие разговори, поднесе оставка неколку дена пред Владата да падне, изјави Пендаровски, кој учествува на Самитот на НАТО во Мадрид.

Тој нагласува дека овој модификуван француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот.

Дали е тоа доволно добро засега ќе се воздржам, бидејќи сакам тоа да помине еден поширок круг на консултации кои за жал на препорака на нашите сојузници не ги правевме минатиот пат за да не ја загрозиме, како не замолија тие, сензитивноста на процесот. Мораме да ги искомуницираме граѓаните, луѓето, политичките субјекти затоа што знаете ние се обидуваме да направиме договор кој ќе трае. Не можеме да стоиме за договор кој не ни дава ништо во рака, а во рака мораме да имаме гаранција за македонскиот идентитет и гаранција дека никогаш јазик, националност нема да биде споменато никаде од сега па во иднина било колку и да траат преговорите. Значи, ако тоа не го добиеме со гаранции на ЕУ, не на Софија, туку на ЕУ и на Брисел ние не можеме да влеземе понатаму во процесот, додаде Пендаровски.

Шефот на државата информира и дека во разговори со „наши пријатели“ на Самитот на НАТО му било посочено дека ако ова не го искористиме, тоа може да биде последна ваква шанса, бидејќи следната би можела да се укаже кој знае по колку години,

Пријателски ни сугерираа да не ја повториме грешката, како да била наша, во 2008 година кога бевме одбиени од членство во НАТО, бидејќи немавме договор со Грција. Знаете што, и договорот со Грција беше направен од една единствена причина. Преспа го штити македонскиот национален идентитет и Преспа го цементира македонскиот јазик за цел свет. Во ОН македонскиот јазик е преведен на сите шест официјални јазици, а таа е најголема светска организација. Ако тоа не ги следи, ако идниот евентуален договор со Бугарија не ги следи овие стандарди, не јас, кој и да е претседател, министер, која и да е власт или опозиција просто не може да си дозволи луксуз да разговара за такви работи кои се утврдени децении, јас би рекол и векови наназад од нашите предци, додаде Пендаровски.

Според него, сега нашата Влада треба веднаш да излезе и да ги поздрави напорите на француското претседателство и да каже кои се следните фази кај нас.

Тоа е што е најважно. Повторувам, не битно што француското претседателство завршува денес, битно е тоа што францускиот предлог и вака модификуван продолжува да живее и ќе го преземе чешкото претседателство. Тоа е што се однесува до некаков континуитет на европските политики кон нас. Значи, нема да почнуваат Чесите од утре натаму од нула како да ништо не се случило. Немој да заборавите дека одредени важни компоненти, пример билатерални или унилатерални изјави за нашиот јазик кој ги предвидуваше португалскиот предлог се во одредена форма исто содржани и во овој т.н. француски предлог, потенцира претседателот на Републиката.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ