• Latest

Пендаровски: Народниот правобраниетел има ингеренции да бара одговори од институциите и да придонесе до креирање и менување на јавната свест

November 8, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Народниот правобраниетел има ингеренции да бара одговори од институциите и да придонесе до креирање и менување на јавната свест

November 8, 2023 13:12
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над разузнавачките и безбедносните структури, од аспект на заштитата на правото на приватност на граѓаните“, во организација на Народниот правобранител и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека Народниот правобранител, како заштитник на уставно загарантираните права и слободи на граѓаните, до обвинителството може да иницира и водење на соодветни кривични постапки доколку при вршењето на надзорната функција оцени дека постои основ на сомневање дека е сторено кривично дело од страна на институциите и нивните претставници. Тие овластувања од гледна точка на јавноста, како што потенцираше претседателот Пендаровски ниту се мали, ниту можат лесно да бидат занемарени или маргинализирани од институциите и високите функционери во нив.

„Како кандидат за членство во Европската Унија имаме одговорност работата на безбедносните служби да биде во согласност со Уставот и законите и под контрола на демократските политички институции, но и на независните институции за надзор, како и на цивилното општество, со цел безбедносните служби да ја извршуваат својата функција почитувајќи го начелото на владеење на правото и штитејќи ги правата и слободите на граѓаните.

Како држава која во изминативе три децении имаше неколку исклучително негативни искуства во кои беа инволвирани безбедносните служби, а со кои масовно се кршеа човековите права и слободи, пред сè, правото на приватност, имаме огромна одговорност пред нашите граѓани да создадеме стабилни механизми за надзор и контрола за никогаш да не се повтори флагрантната злоупотреба на службите за лични и партиски интереси на што сведочевме не толку одамна“, истакна Пендаровски.

Во своето обраќање, Пендаровски додаде дека иако имаме напредок, не можеме да кажеме дека сме ја заокружиле реформата на безбедносниот сектор и тоа токму во делот на надзорот и контролата врз работата на службите.

„Во овој сегмент, особена важна улога има Народниот правобранител. Иако оваа институција има сразмерно помали извршни овластувања во споредба со обвинителството или со парламентарната комисија за надзор, сепак, таа е најблиску до суштината на она што се нарекува – граѓанска контрола над власта, вклучително и врз еден од нејзините најсензитивни делови – безбедносните служби. Фактот дека оваа институција има овластување да бара одговори од институциите на власта по претставки на граѓаните, вклучително и да врши увид во класифицираните информации со какви, главно, работат безбедносните служби, ги прави нејзините забелешки и препораки до институциите на власта, не само основа за медиумски извештаи, туку и инструмент за кревање и менување на јавната свест“, појасни Пендаровски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ