Во Скопје денеска беше отворен централниот штаб на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски во рамките на започнување на изборната кампања.
Пендаровски најави дека во текот на кампањата до крајот на првиот круг имаат во план да посетат 65 населени места, во сите изборни едници и сите општини во Македонија.
-Во текот на кампањата до крајот на првиот круг имаме во план да посетиме 65 населени места, во сите изборни единици и сите општини во Македонија. Очекуваме средби со илјадници граѓани за да им ја претставам мојата програма за следните пет години. Некој ќе рече дека можеби не е потребно многу големо претставување со оглед на мојот петгодишен мандат, но јас мислам дека контекстот се има променето и би требало да ги кажам моите ставови по некои прашања – додаде тој.
Во однос на очекувањата, Пендаровски изјави дека бидејќи има многу кандидати, не очекува некој да победи во прв круг, но очекува тој да влезе во вториот круг и да ги добие изборите.
Изборниот караван на Стево Пендаровски ќе започне со централен митинг во Прилеп, а претходно ќе ги посети општините Кривогаштани и Крушево.
Н. А.