• Latest

Пендаровски: Покрај мерките на институциите коишто се најважни во моментов, потребна е и поголема индивидуална одговорност

December 3, 2020

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Покрај мерките на институциите коишто се најважни во моментов, потребна е и поголема индивидуална одговорност

December 3, 2020 16:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се сретна и поразговара со претставници на Националниот совет на инвалидиски организации на Македонија.

 Посочувајќи дека нашата земја пред речиси една деценија ја ратификуваше Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, претседателот Пендаровски истакна дека како држава и натаму заостануваме со нејзина целосна и доследна  имплементација. Претседателот Пендаровски и денеска повтори дека крајно време е да се имплементираат одредбите на Конвенцијата, особено членовите 5 и 9, односно, правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација. 

 „Потребно е надлежните институции со директна поддршка и вклученост  на претставниците од организациите на лицата со попреченост, поефективно да пристапат кон имплементација на споменатите членови.  Исто така, неопходно е лицата со попреченост и нивните организации да бидат вклучени во мониторингот, во надзорот над имплементација на Конвенцијата, при што мора да се изнајдат соодветни модалитети за вашето учество во мониторингот за тој да не биде само формалност“, потенцираше Пендаровски.

 На средбата со претставниците на здруженијата со телесен инвалидитет, на глуви и слепи лица, здруженија на лица со интелектуална попреченост и цивилни и трудови инвалиди, претседателот Пендаровски рече дека мора да се зголеми динамиката со којашто државни институции работат на укинување на физичките и менталните бариери и имплементација на инклузивното образование, а со тоа и надминување на длабоко вкоренетите стереотипи.  

 „Институциите кои работат со лицата со попреченост неопходно е да имаат соодветни кадровски, финансиски и технички ресурси. Притоа, не смее да се прават компромиси и да се одложуваат процесите без разлика на сите економски, политички или како во моментов, здравствени предизвици и проблеми“, истакна Пендаровски.

  Во услови на пандемијата на Ковид-19, како што додаде претседателот, најзагрозени се најранливите категории наши сограѓани, на коишто им е потребна поддршка, солидарност и грижа. Во таа насока, заклучи Пендаровски, „покрај институционалните мерки кои се најважни во моментов, потребна е и зголемена индивидуална одговорност и ангажман на секој наш граѓанин. Сите ние како поединци можеме да придонесеме со нашето однесување, проактивност и одговорност“.

 На средбата, претставниците на НСИОМ на Пендаровски му ги укажаа проблемите и предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат. Пред се, ја посочија непристапноста на објектите, недостапноста до образованието, невработеноста на лицата со попреченост, ниските надоместоци од државата, недостиг на соодветни помагала.

 Во насока на подобрување на дел од состојбите, Пендаровски искажа ветување дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за градба доколку во него не се имплементирани главните сугестии на лицата со попреченост,  а коишто предвидуваат новите објекти да бидат пристапни за лица со попреченост.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ