• Latest

Пендаровски: Потребен е нов поттик за еворинтеграцијата на Западен Балкан

May 17, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Потребен е нов поттик за еворинтеграцијата на Западен Балкан

May 17, 2021 17:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, што се одржува во Брдо кај Крањ.

Честитајќи го јубилејниот, 10-ти состанок на иницијативата, претседателот Пендаровски истакна дека и оваа средба ја потврди стратешката задача, а тоа е целосна интеграција на сите држави од Западниот Балкан во Европската Унија. Осврнувајќи се на актуелната динамика во процесот на проширување на Унијата, тој нагласи дека темпото на проширувањето е во очигледна криза. Истовремено, посочи дека во контекст на актуелните геополитички движења, ова прашање добива уште поголема важност за стабилноста и развојот како на регионот, така и на самата Унија. Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот за неменливоста на границите и потребата од дијалог за сите отворени прашања во духот на добрососедските односи и регионалната соработка.

Пандемијата на Ковид-19, оцени претседателот Пендаровски, ги заостри веќе постоечките проблеми со сиромаштијата, невработеноста на младите, масовната емиграција, особено на обучен и едуциран млад кадар. Според некои проценки, рече претседателот Пендаровски, на земјите ќе им се потребни една до две години да се вратат на нивото на економска активност од пред почетокот на пандемијата. Во тој контекст, од круцијално значење е да почнат пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. На тој пат е апсолутно јасно дека историските прашања немаат ништо заедничко со процесот на европската интеграција. Евентуалните неуспеси на тој пат дополнително ќе го нарушат кредибилитетот на Европската Унија и нејзиното влијание во регионот.

„Неподелено беше мислењето, практично тоа го има и во еден од заклучоците на Декларацијата која тукушто ја усвоивме дека европското проширување кон Западниот Балкан е во застој од различни причини и тие причини не се само во регионот, има добар дел од нив и во Брисел, меѓутоа факт е дека потребен е нов поттик на евроинтеграциите. Во спротивно, некои други алтернативни модели на владеење и некои други регионални организации кои не се од Европскиот континент ќе добиваат на значење. Во однос на нашиот проблем во интеграциите беше неподелено мислењето дека евроинтегративниот процес, воопшто процесот на преговори не смее воопшто да се оптеретува со историски контроверзии, дека историските проблеми и толкувањата на историските настани немаат буквално ништо заедничко со евроатлантските интеграции и со вредностите кои членките во тие организации ги почитуваат“, рече  Пендаровски, истакнувајќи дека во наредниот период неколкумина од учесниците особено двајцата претседатели на Хрватска и Словенија се заложија во рамките на Европската Унија да се обидат со свои иницијативи да му дадат нов поттик на овој спор меѓу нас и Република Бугарија.

„Се надеваме дека во наредните 6 месеци откога и Словенија ќе го преземе претседавањето со Европската Унија, во таа насока ќе забележиме одредено придвижување. Мојот став беше дека Европската Унија воопшто не треба да се плаши од интеграцијата на Западниот Балкан, да речеме од некакви економски или социјални причини затоа што сите ние заедно земени, вкупно шесте економии на Западниот Балкан, ние сме не повеќе од 1% од GDP на Европската Унија со нашите 18 милиони луѓе во сите 6 земји на Западниот Балкан. Ние сме одвај 4% од вкупната популација на Европската Унија, така што ако Европската Унија, а Комисијата во овој состав токму тоа го вели, сака да биде геостратешки и геополитички играч на глобалната сцена, невозможно е да падне токму на овој испит. Ако 454 милиони луѓе, граѓани на Европската Унија не можат да апсорбираат 18 милиони луѓе кои живеат во Западниот Балкан, што станува збор тогаш за многу потешки задачи и предизвици кои стојат во денешниот свет и пред Европската Унија“, рече Пендаровски.

Во однос на придонесот на ЕУ во справувањето со последиците од пандемијата и економското закрепнување, претседателот Пендаровски изрази задоволство од усвоениот Економски и инвестициски план на Европската Унија и оцени дека неговата имплементација треба да биде навремена и ефективна. Исто така, тој уште еднаш го повтори придонесот на Унијата во раната фаза на здравствената криза преку обезбедените медицински материјали и финансии за итни потреби. Покрај тоа, изрази задоволство од неодамна обезбедените повеќе од шестотини илјади вакцини за сите држави во регионот преку инструментот за солидарност на ЕУ.

Пендаровски заклучи дека Европа треба да биде храбра во интеграцијата на регионот. Економскиот и демографскиот товар врз ЕУ, според претседателот Пендаровски, ќе биде многу помал за разлика од претходните проширувања на Унијата, но за земјите од регионот и нивните граѓани придобивките од идното членство во ЕУ ќе бидат исклучително важни.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ