• Latest

Пендаровски се обрати на 15. конференција на началниците на Генералштабовите на армиите од балканските земји

June 16, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски се обрати на 15. конференција на началниците на Генералштабовите на армиите од балканските земји

June 16, 2022 15:46
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 15. конференција на началниците на Генералштабовите на армиите од балканските земји, што денеска се одржува во Охрид, информираат од претседателскиот кабинет.

Ја имам честа да ви се обратам на оваа значајна годишна конференција на која вие, началниците на генералштабови на балканските армии ќе имате можност да дискутирате за вашата досегашна и идна соработка, како и за современите предизвици и закани со кои се соочуваме сите ние како регион кој е дел од пошироката Евро-Атланска сфера.

Пендаровски потсети дека пред 11 години, во Јуни 2011, исто тука во Охрид ние бевме домаќини на конференција на балканските началници на генералштаб. Од тогаш до денес, многу работи се изменија, земјата која беше долгогодишен аспирант за членство во НАТО, после 21 година успеа да ја реализира својата децениска визија и стана полноправна членка, со што беше поставен уште еден стабилен безбедносен столб во регионот. Регион кој ја зајакнува континенталната безбедност и што е уште поважно – придонесува за мирот и безбедноста во целата Евро-Атланска зона на одговорност.

Тој нагласи дека како земја која го има тоа искуство, цврсто верувам дека членството во НАТО е најголемиот стабилизирачки фактор во регионот и од тие причини ги подржува аспирациите и на другите земји од Балканскиот регион кои сакаат да станат членки на НАТО. А, проширувањето на НАТО, самото по себе, не може да биде безбедносна закана.

За да стигнеме до членството во оваа организација, бевме подготвени да направиме сериозни компромиси. Тука мислам на Преспанскиот договор со Грција кој беше достоинствен и балансиран документ кој понуди рационален излез за еден билатерален проблем. Само со взаемно почитување на двете страни и соодветно ниво на историска одговорност за иднината на државите и иднината на регионот и на Европа е можно да бидат постигнати вакви договори со стратешки пропорции, посочи претседателот.

Пендаровски истакна дека засилувањето на балканската соработка и стабилност, нема да го има потребното темпо и квалитет без еден друг, многу значаен континентален интегративен процес, а тоа се европските перспективи на балканските земји. Нашата политичка посветеност за таков еден потфат ја имаме покажано и потврдено одамна, меѓутоа, потребно е и Европската Унија да има идентичен став со нашиот. При тоа, тој кажа дека не мисли на политичката реториката, туку на конкретни активности со кои таа цел ќе стане реалност. Балканот едноставно не смее да биде оставен на маргините на Европа затоа што со тоа се остава отворен простор за продор на трети актери кои не нудат демократски вредности.

Најсилен пример за ова што го говорам е бруталната агресија во Украина од страна на Руската Федерација, која, ако ги оствари своите цели таму, сигурно ќе се обиде да се прошири и на други земји, со воени и со невоени средства, а еден од регионите кој во таков случај сигурно ќе биде таргет на Москва ќе биде западниот Балкан, рече Пендаровски.

Пендаровки им се обрати на генералите дека тие самите најдобро знаат дека руската агресија врз Украина ја загрозува посредно и непосредно и самата Европа. Руската инвазија предизвика и енергетска криза, висока инфлација, прехранбена криза и забавување на пост-пандемиското опоравување на националните економии. Претседателот изрази уверување дека Балканот во Европската Унија, ќе ја направи и Европа, постабилна и посигурна, а НАТО и ЕУ се двата гаранти за безбедна и просперитетна иднина на континентот.

Тој се обрати кон присутни со констатација дека соработката и интеграциите се исклучително значајни, а, тоа ние на Балканот најдобро го разбираме.

Наскоро ќе ја предводам делегацијата на Република Северна Македонија на НАТО самитот во Мадрид каде што ќе дадеме поддршка на интеграцијата на Шведска и Финска во НАТО, затоа што верувам дека со тоа ќе ја зајакнеме безбедноста и стабилноста на НАТО, на Европа, на Балканот, а, во тие рамки и на мојата земја, кажа Пендаровски.

Според Пендаровски, војната во Украина, уште еднаш ни го потврди критичното значење и на трансатланската врска и колку е значајно да ја сочуваме и засилиме таа релација. Историјата не учи дека секогаш кога двете страни на Атлантскиот океан добро се разбирале и имале синхронизиран настап, тогаш и Европа и Балканот биле постабилни.

Тој нагласи дека војната во Украина покажа дека во 21 век нема локални војни, туку дека сите воени конфликти се глобални и нивните последици ги трпат милијарди луѓе. Затоа ги подржуваме партнерствата на НАТО и со други воневропски земји кои делат исти вредности со нас.

Агресијата врз Украина, која вие како војници најдобро ја разбирате, верувам дека ќе не отрезни сите нас, ќе не направи посвесни за сложените геополитички предизвици со кои се соочуваме и за заедничкиот одговор кој треба да го дадеме на овој, до сега, најголем предизвик од завршувањето на Втората светска војна, истакна Пендаровски.

Претседателот нагласи дека не смееме да си дозволиме ирационални проблеми да бидат пречка за интеграцијата на регионот и апелирашеда бидеме свесни дека ќе треба да одговараме пред генерациите кои доаѓаат кои ќе не прашаат што сме направиле за нивната подобра иднина. Политиката на НАТО за отворени врати треба да важи и во Европската Унија. Ако во таа смисла бидеме и понатаму нерешителни, само ги отвораме широко вратите за јакнењето на авторитарни опции дома, придружени со хибридни активности и дезинформациони кампањи од надвор, но, тие опции се антиевропски и антизападни.

Искрено се надевам дека кога после 9 години ќе дојде редот повторно да се сретнат балканските началници кај нас, можеби повторно во Охрид, и кога ќе им обраќа некој друг претседател, повеќе нема да зборуваме за европските интеграции на Балканот, туку за некој други, поубави работи, рече на рајот од обрќањето претседателот Пендаровски и на присутните им посака успешна работа во следните два дена во нашиот Охрид.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ