• Latest

Пендаровски: Со квалитетни реформи да се запрат негативните трендови во областа на владеењето на правото

December 1, 2022
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Со квалитетни реформи да се запрат негативните трендови во областа на владеењето на правото

December 1, 2022 11:40
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Колку брз ќе биде процесот на нашата интеграција во ЕУ зависи и од Брисел, и од државите-членки, но, најмногу од нас. Реформите не ги правиме за да ги задоволиме европските бирократи, туку, фундаментално да го промениме нашето општество и работата на нашите институции од кои нашите граѓани не се задоволни во висок процент, истакна претседателот Стево Пендаровски на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) која се одржува во Собранието.

На пленарната сесија се дискутира на панели на темите „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ и „Како да се справиме со климатските промени и социјалните последици во земјоделството, шумарството и животната средина“.

Според претседателот, фокусот не треба да биде на техничко исполнување на критериумите за членство, туку на квалитетот на процесот зашто друг начин за реформите да бидат оддржливи и за сопирање на негативните трендови со кои се соочуваме во областа на владеење на правото – не постои.

-Само со излегување од конфорната зона на политички декларации, процесот на пристапување кон Европската Унија ќе ја има трансформативната моќ која ни е повеќе од потребна, рече Пендаровски.

Општиот впечаток меѓу нашите граѓани, како што кажа, за жал, е дека дел од преземените реформи или не се оддржливи на долг рок или го немаат потребниот степен на директно, позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова, потенцираше тој, особено се однесува на бројните промени и најави за промени во сферата на владеењето на правото.

Од првите поголеми реформи во оваа сфера во 2005-та, поминаа повеќе од 15 години, а довербата на граѓаните во судството и воопшто во функционалноста на нашата правна држава, како што кажа, е на рекордно ниско ниво. -Сведоци сме дека недостатокот на правна сигурност и чувството дека партиската и етничката припадност се поважни од знаењето и вештините кои ги поседувате се меѓу главните причини за емиграција на голем број на млади луѓе. При тоа, емигрираат и дел од оние кои се добро етаблирани во општеството со изградени кариери и солиден животен стандард за наши услови. За нив, се разбира, и за сите останати, функционалната правна држава е прашање на квалитетот на животот, рече Пендаровски.

Во таа смисла, додаде тој, не е случајно дека токму владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата се вбројуваат во кластерот на „основни прашања“, односно на фундаменталните вредности во процесот на пристап кон Европската Унија.

-Сметам дека доколку ги оставиме настрана историските прашања на кои не им е местото во пристапниот процес, токму на оваа тема ќе биде нашата најголема предност или нашиот најголем недостаток, зависно од начинот на кој, во преговорите, ќе му пристапиме на овој сет на прашања, рече Пендаровски.

Тој посочи на четири главни правци кон кои смета дека треба да се движиме во исполнувањето на овие обврски, пред се, кон граѓаните, дури потоа кон Брисел.

-Прво, политичката волја за владеење на правото не смее да биде само декларативна, туку реална и присутна и во фазата на примена на законите, а, не само при нивното усвојување во Парламентот. Промената на законодавството е само еден, нужен, но, недоволен чекор за реални промени во нашите животи. Клучна е неселективната примена на законите и доследно почитување на независноста на институциите во оваа област, од страна на политичарите, рече Пендаровски.

Како второ, потенцира тој, во фокусот, на почетокот и на крајот на секоја реформа во правосудството треба да бидат луѓето кои работат во овие институции.

-Да бидам попрецизен: нам ни е потребно многу поквалитетно правничко образование на универзитетско ниво од тоа што сега го имаме, во смисла на комбинирање на теоријата и праксата во едукацијата на идните правници. Потоа, потребна е доследна примена на критериумите при регрутација на слушателите во Академијата за судии и јавни обвинители бидејќи оттаму се регрутираат идните судии и обвинители. Исто така, исклучително е важен начинот на кој се оценува работата на судиите и обвинителите и се одлучува за нивната евентуална одговорност, рече тој.

Во тој дел, како што кажа Пендаровски, нам ни е потребен целосно функционален и професионален Судски совет и Совет на јавни обвинители.

-Секое основано сомневање за работата на членовите на овие тела претставува голем хендикеп не само за инволвираните поединци, туку и за целиот правосуден систем бидејќи токму тие се надлежни за професионалниот квалитет и интегритет на луѓето во правосудниот сектор, рече претседателот.

Како трето, тој побара безрезервна поддршка на работата на Државната комисија за спречувањето на корупцијата.

-Не само што таа институција е една од малкуте чијашто работа е позитивно оценета во извештаите за напредок кон Европската Унија, туку и затоа што преку нејзината ефикасна работа политичарите ќе покажат на дело дека декларативните заложби имаат и практични последици, дури и во случаи кога нивните интереси, интересите на нивни сопартијци или нивни блиски ќе бидат засегнати, рече тој.

И четврто, потенцира тој, реформите во сферата на правната држава треба секогаш да бидат резултат на широк политички, но, не помалку важно, експертски и општествен консензус.

-Законите во оваа сфера треба да бидат поддржани од сите значајни политички фактори, а во нивната изработка да бидат вклучени експертите и граѓанските организации, како и експерти од државите-членки на ЕУ. Подготвеноста за асистенција од страна на нашите партнери од ЕУ и државите членки никогаш не била спорна, наше е колку и на кој начин ќе ја искористиме. Со други зборови, во реформите во оваа сфера клучен треба да биде консензусот, а не надгласувањето, истакна претседателот на државата.

Пендаровски посочи дека во тек е фазата на билатералниот скрининг, прилично динамичен период е пред нас и порача да останеме посветени и ангажирани, бидејќи европската интеграција и реформите кои се во тек, а, особено оние што претстојат, се примарна задача за одговорните политичари, но, и за многу други општествени чинители.

Се ближиме, рече Пендаровски, кон крајот на една исклучително тешка и непредвидлива година, во која суштински се промени севкупната безбедносна архитектура во Европа како резултат на руската воена агресија врз Украина.

-Овој илегален чекор, без преседан во поновата историја на Европа предизвика цела серија проблеми од кои, за жал, ниту една земја на континентот не беше поштедена. Во една ваква констелација, европската интеграција како мировен проект, но, и како проект кој обезбедува демократијаи просперитет на општествата, добива на значење, посебно во нашиот регион, каде се уште постојат тензии и ретроградни тенденции, чиј што деструктивен потенцијал не смее да биде занемарен, рече тој.

Тргнувајќи од еден ваков исклучително неповолен меѓународен контекст, според претседателот, процесот на реформи внатре во државата има двојно значење, со оглед на фактот дека натамошната демократизација,значи дополнителен влог во градењето на постабилна држава со функционални институции.

На отворањето на Конференцијата зборуваа и претседателите на собраниската Комисија за европски прашања Арбр Адеми, на Националниот совет за евроинтерации Александар Николовски, евроамбасадорт Дејвид Гир, заменикот шефот во амбасадата на САД и словачкиот амбасадор.

Со оваа пленарна сесија се заокружува петгодишниот циклус од работењето на Националната конвенција, која досега на 44 одржани сесии усвои над 500 препораки и вклучи над 2000 учесници кои ги претставуваа релевантните институции, граѓанските здруженија, бизнис секторот, академската средина, синдикатите и организациите на работодавачи во пет работни групи од поглавјата за правосудство, правда, земјоделство, социјална политика и животна средина.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: (НКЕУ-МК).Пендаровскискрининг
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ