• Latest

Пендаровски: Треба да се направи уште многу за состојбите со родовата нееднаквост

March 7, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Треба да се направи уште многу за состојбите со родовата нееднаквост

March 7, 2020 10:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Прогрес постои, но за жал, се одвива со бавно темпо, а неретко сме сведоци и на назадувања во поглед на родовата еднаквост, како и ограничувања во однос на веќе стекнатите права на жените. Како земја, покрај одредениот напредок, имаме да направиме уште многу за да ги надминеме постојните состојби со нееднаквоста во речиси секој општествен сегмент.

Тоа го порача претседателот Стево Пендаровски, кој вчеравечер се обрати на отворањето на 11. издание на настанот „Вечери на женски права“ кое годинава се одржува од 6 до 12 март  во знакот на годинешната тема за одбележување на  Меѓународниот ден на жената – 8. март: „Јас сум Генерација Еднаквост – остварување на женските права за еднаква иднина!“.

Пендаровски истакна дека родовата еднаквост е важна заложба во неговиот мандат со што сака да го даде својот придонес за унапредување на родовата еднаквост и родовите политики во земјата. Со позитивните промени и со стратешкиот фокус на родовите политики во периодот кој следи, смета претседателот Пендаровски,  можеме како општество да направиме значаен исчекор во подобрување на родовата еднаквост во секоја сфера.

 

Оваа година одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е во знакот на неколку значајни јубилеи поврзани со глобалните заложби за унапредување на родовата еднаквост и женските права. Одбележуваме 25 години од Пекиншката декларација и Платформа за акција, 20 години од усвојувањето на Резолуцијата 1325 за жените, мирот и безбедноста, 10 години на UN Women (Телото на Обединетите Нации за родова еднаквост и зајакнување на жените), како и  пет години од Агендата 2030 и целите за одржлив развој на Обединетите нации. Токму сега, наведе претседателот, е периодот кога ние како држава, и останатите земји на светско ниво, го оценуваме напредокот во исполнувањето на зацртаните глобални цели и преземените обврски за постигнување на родова еднаквост на национално и глобално ниво. Прогресот постои, но за жал, се одвива со бавно темпо, а неретко сме сведоци и на назадувања во поглед на родовата еднаквост, како и ограничувања во однос на веќе стекнатите права на жените, оцени Пендаровски.

Според него, како земја, покрај одредениот напредок, имаме да направиме уште многу за да ги надминеме постојните состојби со нееднаквоста во речиси секој општествен сегмент.

Позитивните законски решенија и политики донесени во изминатите две години, како што е ратификувањето на Истанбулската Конвенција (Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство) и законското решение во поглед на здравствените и репродуктивните права на жените, се значајни исчекори во заложбите за подобрување на родовата еднаквост во земјата. Сепак, ефективните промени и трансформативниот потенцијал на политиките и законите зависат од нивната доследна имплементација и алоцирање на соодветна буџетска поддршка. Искуствата на развиените земји ни покажуваат дека вистински напредок во унапредување на родовата еднаквост се постигнува со родово одговорни политики во секоја сфера, посветено и долгорочно инвестирање во родовата еднаквост и вложување во образованието, нагласи шефот на државата.

Укажувајќи дека родовата еднаквост е важна заложба во неговиот мандат, со што сака да даде придонес за унапредување на родовата еднаквост и родовите политики во земјата, истакна дека во рамки на неговите надлежности како врховен командант, првпат во нашата историја поставил и жена за аѓутант.

„Настојувам да има родов баланс и на пониските и на повисоките позиции во мојот кабинет, а ангажирав и советничка за родови прашања“, рече Пендаровски.

Тој верува дека со позитивните промени и со стратешкиот фокус на родовите политики во периодот кој следи можеме како општество да направиме значаен исчекор во подобрување на родовата еднаквост во секоја сфера.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ