На прес конференцијата по завршувањето на седницата на Советот за безбедност (вторник, 01.02.2022), на новинарско прашање дали Северна Македонија е подготвена да одговори на руската пропаганда, и дали се лоцирани центрите за ширење на руската пропаганда во земјава, Пендаровски одговори дека центрите за ширење дезинформации кои не доаѓаат само од едно место, сега ги лоцираме поуспешно во соработка со нашите партнери и сојузници од НАТО
– Нешто во таа мерка се презема, меѓутоа не можам да биде специфичен во таа смисла, постојат активностите кои се насочени кон нашата држава кои не се во склад со нашите национални и државни интереси, постојат здружени активности на НАТО со нашите институции да ги неутрализираат и да го оневозможат тој пробив и мислам дека , со поддршка на сојузниците, ние сме прилично успешни во таа сфера Тој тип на пропаганда, не ви треба НАТО, не ви треба ЕУ постои, а по нашиот референдум 2018 година за промена на името, тие притисоци, хибридни закани се засилени, но и ние сме засилени со нашите капацитети, за што многу ни помага членството во НАТО, посочи Пендаровски.










