• Latest

Пендаровски: Повторното актуелизирање на Берлинскиот процес е одлична вест

December 5, 2022
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Повторното актуелизирање на Берлинскиот процес е одлична вест

December 5, 2022 13:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

-Во вакви околности, повторното актуелизирање на Берлинскиот процес со нова програма за работа е одлична вест. Берлинскиот процес не е замена за полноправно членство во Европската Унија, туку инструмент за побрзо приклучување на сите шест држави од Западниот Балкан во ЕУ, истакна претседателот Стево Пендаровски на денешната конференција „Интензивирана соработка: Обновениот Берлински процес и иднината на регионалната соработка во Југоисточна Европа“.

Претседателот наведе дека потпишаните три договори за минување на границите меѓу државите од регионот со лични карти, за признавање на високообразовните и на професионалните квалификации на докторите по медицина и стоматологија, како и на архитектите, се голем чекор напред кон создавањето на заеднички регионален пазар. Тој нагласи дека не гледа ниту една причина тие договори да не бидат брзо ратификувани во националните парламенти за да може да влезат во сила, а потоа и да се имплементираат така како што се замислени, во интерес на граѓаните од целиот регион.

– Берлинскиот процес е заедничка иницијатива на државите членки на Европската Унија и државите од Западниот Балкан што е многу значајно во поглед на одговорноста за неговото функционирање, бидејќи врз неговата активност постои мониторинг од аспект на примената на европските стандарди и правила. Во Берлинскиот процес учествуваат сите шест држави од западен Балкан со што се постигнува вистинска инклузија и се избегнува можноста некој да биде маргинализиран или изолиран од процесот, посочи Пендаровски.

Тој потенцираше дека најавената поддршка за справување со енергетската криза за нашите држави од претседателката на Европската комисија во вредност од една милијарда евра е израз на европската солидарност и чекор кон враќање на довербата кај големото мнозинство граѓани во вредностите на европската интеграција.

Специјалниот претставник на германската Влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, на конференцијата потсети дека Владата во Берлин во ноември соопшти дека ќе има билатерална германска поддршка за регионот во износ до 500 милиони евра на краток рок, со цел да им се помогне на западнобалканските земји во справување со енергетската криза, како и 2,2 милијарди евра наменети за проекти за германската економска соработка со регионот.

– Така што можете да видите дека Германија не само сака да го поддржува напредокот на регионот во Европската Унија, туку сакаме да го придвижиме регионалниот пазар. Исто така, сме ангажирани за праведна енергетска транзиција во регионот заедно со институциите. Сакаме да направиме многу повеќе во оваа област со цел да бидеме добри партнери на регионот, истакна Сарацин.

Претставникот од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), Блажен Малески потенцираше дека треба да се вложат повеќе сретства во државните институции и во младинските организации и институции и да се даде поголема моќ на гласот на младите за да прават политички чекори кон тоа што треба да биде иднината. Тој оцени дека со вложување во младите ќе се врати довербата во институциите.

Малески посочи дека исто така треба да се вложува и во демократијата, односно младите да можат да учествуваат во одлуките што се носат за нив.

– Германија игра голема улога во водење на оваа дискусија, но многу е важно да се разбере дека овој процес е наш. Германија може да инсистира и може да направи многу работи, но ако ние самите не преземеме иницијатива и ако не извршиме притисок за уште поголеми резултати во Берлинскиот процес, тогаш ивесната иднина на Берлинскиот процес нема да трае, заклучи Малески.

Директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС) во Северна Македонија Рене Шлее, зборувајќи за патот на земјите од Западен Балкан кон членството во ЕУ рече дека државите членки на Унијата, се уште се скептични во однос на проширувањето, но можеби не се целосно свесни кои се безбедносните импликации што ги предизвикува успорувањето на процесот.

Tags: Западен БалканПендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ