• Latest

Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините

December 2, 2022

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пенов: Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на општините

December 2, 2022 14:23
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Приоритет е да се зајакнат капацитетите на општините за подобро управување со јавните финансии, за наплата на локалните даноци и такси, како и за транспарентно и отчетно работење. Овие прашања се нотирани од  Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и во извештаите на Европската комисија, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, на вториор годишен Форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи“ поддржан од УСАИД.

 

– Поддршката на УСАИД во градењето на капацитетите на општините трае од почетокот на децентрализација до сега. На почетокот, приоритет беше евидентирањето на наследените долгови на општините и предлагање на мерки за намалување на долгот, рече Пенов.
Тој објасни дека градоначалниците имаат проблем со ажурирањето на базите на податоци за наплата на данокот на имот, за што беше побарана помош и од централната власт.
– Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините, тие што не се финансирани со блок дотации од централниот Буџет и затоа локалните власти да  вложат поголем напор. Но потребно е да се најде институционално, системско решение, заедно со другите надлежни институции, додаде Пенов.
Како што рече Пенов, финансиската стабилност на општините е најважна за да можат да ги извршуваат функциите и да испорачуваат услуги.
Исто така со измените на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа се формира и посебен фонд за перформанси, преку кој  ќе бидат наградени општините кои што ќе покажат подобри резултати.
– Според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, што го направи Министерството, има раст во генералното задоволство од 2.97  на 3.2%. Граѓаните се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање, дополни тој.
УСАИД дава постојана поддршката на Министерството за локална самоуправа, за подобрување на транспарентноста на општините. Исто така и за подобрување на перформансите на Бирото и на Министерството за обезбедување на дополнителни извори за финансирање на проекти за локален и за регионален развој.
Tags: даноциопштиниПеновУСАИД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ