Пензионерите во Република Северна Македонија од денеска добиваат зголемени пензии за 2500 денари. Согласно, Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското иинвалидското осигурување, околу 340.000 пензионери кои се стекнаа со правото на пензиско осигурување заклучно со 31 август, се опфатени со линеарното покачување на пензиите, соопштија од Министерство за социјална политика, демографија и млади.
„Овие законски измени предвидуваат линеарно зголемување на пензиите во м. Септември и м. Март. Поконкретно, на 1 Септември 2024 година, сите видови на пензии остварени согласно овој закон заклучно со 31 Август 2024 година, се зголемуваат за 2.500 денари и на 1 март 2025 година, сите видови на пензии остварени согласно со овој закон заклучно со 28 февруари 2025 година, се зголемуваат за 2.500 денари“, велат од Министерството.
ЦивилМедиа за ваковото линеарно покачување на пензиите побара мислење и од граѓаните, но и од надлежните органи.
Редакцијата објави и низа вести, коментари и анализи на оваа тема (кликнете на пребарувањето со клучен збор „пензии“).
Б. Ј.