• Latest

Покачување од 2.500 денари пензија или редовно законско усогласување?

September 5, 2024

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Покачување од 2.500 денари пензија или редовно законско усогласување?

„Тие 5.000 денари наместо во една рата ќе ги дадат во две, во две различни години што значи дека нè зафркнаа...“, вели еден пензионер.

September 5, 2024 13:42
in ВЕСТИ, ТОП 5, ФОРУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Пензионерите се збунети, дали ќе ги добијат парите во септември или во октомври? Дали ќе биде еднократно или секој месец ќе добиваат дополнително 2.500, а од март следната година пензијата ќе им се зголеми за 5000 денари?

ЦИВИЛ Медиа го постави прашањето на својата Фејсбук страница – Дали пензионерите се измамени или недоволно информирани зошто не им се исплатени дополнителните 2.500 денари?

Граѓаните со поделени мислења, дел сметаат дека се изманипулирани, додека други сметаат дека владината одлука е во ред. Ви пренесуваме дел од коментарите:

„На септемвриската треба да има зголемување според раст на трошоците и просечната плата плус ветувањето од 5000 денари, а што ќе биде на 1 октомври ќе видиме…“.

„Корекција, не се тоа дополнителни 2.500, тоа е редовното законско покачување/усогласување, законска обврска која оваа влада нема намера да ја спроведе и при тоа пензионерите ги манипулира со намера за линеарно, а не процентуално зголемување. Ако не се лажам, ветуваа покрај законското процентуално, дополнително линеарно зголемување на пензиите, а сега немаме никакво. Ама ако, горди сме“.

„Тие 5000 денари наместо во една рата ќе ги дадат во две, но регистрирано сметководствено во две различни години што значи нè зафркнаа…“.

Измамени затоа што за изборите не беше речено дека пензиите ќе се качат два пати по 2500д него беше речено 5000 денари. Тоа значи во овој случај како што прават го рипаат покачувањето во март 2025 година.

Да, измамени се со 100%. Требаше линеарно по 5000 денари, сега вака било, онака било. Кога си ветил нешо треба да го исполниш за народот да има доверба во вас. И ова воопшто не е покачување туку усогласување во септември и март. Срамота ги измамивте тие што ве донесоа на власт.

„На канал 5 на вести минатата недела кажаа дека заклучно со 31-ви август а на 1-ви септември пензионерите ќе добијат по 2500 ден. Јас лично слушнав. Значи лага е“.

„Што правиме со законот што е за усогласување на пензиите двапати во годината, дали оваа влада ги почитува законите а 2.500 денари е нивна волја или предизборно ветување, законите велат тие мора да се исплатат. Малку им е на овие гласачи. Тек има да осетат. за оваа влада закон за усогласување не вази и на ми да има. Пак да им чукате со раце и пак да ги гласате“.

„За еден закон да важи треба да помине на Собрание“.

„По она што малку се разбирам во законите прво треба да се спроведе законски регулираното усогласување на пензиите плус 5.000,00 денари линеарно зголемување договорено со пензионерите Ама…? Ќе видиме ….може да падне и тужба …“.

„Мислам дека Мицко и тајфата дури сега ќе научат дека септемвриската пензија се исплаќа на 1ви октомври, не се криви тие, толку им дал Господ“.

„Почекајте малку! Парите се испечатени, се сушат на сонце и декември ќе легнат на сметката“.

„Убаво кажаа за септемвриската пензија, значи први октомври. До кога народе со непотребни провокации подбуцнувања. Ништо не ви е погодено. Слушате и мислите како да го искривите кажаното“.

„Прашање е дали овие пари влегуваат во основица на пензија, во тој случај тоа води кон деруинирање на ПИОМ“.

„Убаво кажа премиерот. ВО септември првите 2500ден. Не кажа СО септемвриската! Две букви, голема разлика! Прегледајте ги изјавите“.

„Идиоти, септемвриската пензија се зема во октомври. Трт ќе си земеме пари што комуњарите северџани секогаш ни кратеа“.

Имаше и такви коментари кои наместо да зборуваат за темата, тие коментираат против ЦИВИЛ.

Ај не тресете зелени, а и прашањето е глупо да поглупаво неможе да биде… државата е опљачкана и кој очекувал празна каса, особено Фондот за пензиско кој што го воделе браќата!

Д. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ