На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021, претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, за почетокот на новата 2021 година предупреди дека мора брзо да се работи на составување нов состав на ДИК, едукација на изборната администрација и да не се остане пасивен во овој процес. Во спротивно како што вели Деркоски, ќе се соочиме со непредвидени предизвици првентствено за локалните избори.
„Од јануари државата нема повеќе Државна изборна комисија, останува без мандат, нема Општински изборни комисии, нема избирачки одбори, на сите им поминува мандатот. Значи, кој ќе прави локални избори наредната година, треба да се одлучи брзо во Парламентот, да се направи интервенција кога ќе се врши едукација на избирачките одбори, затоа што начинот на кој што сега се бираат, со ждрепка, па вклучување дел од политички партии и така натаму изискува време за нивна едукација…“, изјави Деркоски.