• Latest

Перспективи 2022: Година на големи предизвици

December 31, 2021
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Перспективи 2022: Година на големи предизвици

December 31, 2021 14:16
in АНАЛИЗИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ и оваа година организираше низа јавни настани на различни општествено политички теми, во рамките на традиционалната  завршна конференција „Перспективи 2022“.

Темите на настаните се пописот, родовата еднаквост, стратегијата „Едно општество за сите“, и извештајот од анализите и препораките на ЦИВИЛ за Локалните избори 2021.

ПОПИС

Рентгенска снимка на Пописот

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Рентгенска снимка на Пописот“, на која учествуваа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, потпретседателката на Сојузот на стопански комори, Габриела Кулебанова, и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

„Пописот што требаше да се одржи во април се одложи поради закажаните предвремени избори и поради пандемијата. Само 8 попишувачи се заразиле, и само еден државен инструктор се заболе во домашни услови. Имавме 5.000 попишувачи и ги следевме протоколите. Пандемијата за жал се уште трае, и тврдам дека пандемијата можеше да се одржи и во април без да се одложи.“, изјави Симовски на панелот.

„Статистиката е алатка за бизнис секторот за правење планови во економскиот дел. Не смееме во иднина да дозволиме да немаме попис толку долго време бидејќи многу губиме како бизнис сектор“, вели Кулебанова.

„На моите колеги од странство тешко им беше да сфатат дека пописот во нашата држава не е само статистичка операција, туку има и политичка позадина. Дел од политичките партии јавно и тајно го попречуваа пописот, за да ја разнишаат довербата на институциите. Нападот на статистичкиот процес е всушност да се разнишува довербата во институциите, безбедноста на државата како и меѓуетничката толеранција и соживот.“, посочи меѓу другото претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на панелот.

 

Помалите етнички заедници – помеѓу статистиката и политиката

ЦИВИЛ организираше панел дискусија „Помалите етнички заедници помеѓу статистиката и политиката“, (на 21 октомври), во која учесниците Суад Скендери – Ромалитико, Аделаид Каришик – Бошњачки истражувачки центар Скопје и Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“, дискутираа како се спроведе, кои беа предизвиците и кои се перспективите на пописот на населението 2021?

„Верската назнака на еден народ беше користена како нивна национална ознака, така што од таа причина, бидејќи имаме последици од  тие работи што се случувале во минатото, беше битно за нас како народ, да настапиме со оваа кампања („Битно је бити Бошњак“), и бидејќи се уште има конфузија во поглед на националното изјаснување, намерна, ненамерна и слично, така што ни беше потребна оваа кампања., вели меѓу другото Аделаид Каришик од Бошњачки истражувачки центар Скопје.

„Пописот за помалите етнички заедници, посебно за Ромите е политичко прашање, а не само обична статистичка операција, бидејќи пописот всушност претставува алатка за поголемите етнички заедници за демографски инжинеринг.

По 2001, односно по Рамковниот договор сите политики се креираат според застапеноста на заедниците. Затоа е политичко прашање, бидејќки колку е поголема бројката толку е поголема застапеноста во државната и јавна администрација и во другите установи“, потенцираше  Суад Скендери од Ромалитико, и дел од иницијативата АВАЈА.

Добре Митрев, Претседател на граѓанското здружение „Македонско – бугарско пријателство“, истакна дека Пописот се спроведе за да се задоволат двајцата лидери на поголемите партиите, односно, тоа беше обид да се направи попис.

Тој додава дека пописот се направи за да се види која од двете етнички заедници е подоминантна во државата.

РОДОВА ЕДНАКВОСТ

„Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“

ЦИВИЛ одржа панел дискусија на тема „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“,

На панелот учествуваа  Драгана Стојчевска, режисерка, Елена Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените, Нора Калиќи -Ајо, Алмира Фазли – Иницијатива на жени Шуто Оризари, Николина Кениг – професорка на Филозофски факултет, деканка на Правен факултет, Весна Попоска , Рита Бехадини  од Mollëkuqja ( Бубамара), Стојне Митева од Скај плус Струмица.

Дали жените си ги знаат своите права, колку се заштитени жените во семејствата, општеството, работните места, во брачните заедници, што се прави за  намалување на нееднаквоста во однос на правата на жените во земјава, за трајни решенија во однос на дискриминацијата на жените на институционално и општествено ниво, беа дел од темите на кои соговорничките се осврнаа на панелот.

Драгана Стојчевска, режисерка и активистка посочи дека две години работи на проект и истражува злоупотреба и вознемирување на жени на факултет и на работните места.

„Откривме дека група на студентки беа уценувани од своите професори за да добијат оценка, но од страв не го кажуваат тоа. Собравме над 500 искуства на жени кои беа вознемирени на нивното работно место и најголемиот дел од жените имаат страв јавно да зборуваат бидејќи се плашат од своите претпоставени, не само од мажите туку и од жените кои им се претпоставени.“, вели Стојчевска.

„Напорите коишто ги вложуваат институциите, се минимални, речиси непостоечки. Секако, има институции коишто вложуваат поголеми напори, но има институции кои воопшто не го сметаат ова прашање како важно, и дека треба да се вклучат. А сите, и ние присутните, а верувам и оние коишто не слушаат, знаеме дека насилството врз жените е општествен проблем, не е проблем на жртвите, не е проблем на жените. Е проблем во кој треба сите да се вклучиме.“, изјави Елена Димушевска од Национална мрежа против насилство врз жените,  посочувајќи на (не)функционалноста на институциите во однос на третирањето на жртвите на насилство.

Рита Бехадини од Mollëkuqja (Бубамара), новинарка и презентерка во Алсат М,  на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“,  вели дека многу малку се зборува за девојките кои се сексуално вознемирени на онлајн.

“Би повикала на заедничка акција, што е можно поенергична, кон трансформација на културата, на вредностите, затоа што ми се чини дека се додека не направиме да биде срамота некој да има сексистички ставови, многу малку може да се направи во сферата на родовата еднаквост, и заштита од родово заснованото насилство. Какви и да се законите, какви и да се институционалните механизми, нив ги одржуваат, ги спроведуваат луѓе. Ако тие луѓе не сфатат колку е важна рамноправноста, ако тие луѓе не се сензибилизирани, ако таа задача ја оставиме само, и само на образованието, тешко дека може да постигнеме многу во иднина.“, порача проф. Николина Кениг.

„Полето на делување на жените е тесно поло, и треба целата борба да се фокусира на подобрување на условите на жените. Жените повеќе да се поддржуваат меѓу себе, отколку да водат борба една против друга. Жените треба да се сфесни дека се човечко суштество и дека имаме исти права и мора да најдеме храброст меѓу себе да се соочиме со сите предизвици и нашите цели да ги насочиме во борба кон неправедноста околу нас и на тој начин да направиме подобро општество за сите“, нагласи Леунора Калиќи од иницијативата „Ајо.

Храбро е денес да се зборува за човекови права и за женски права. Апелирам до министрите за Правда и МВР да ги засукаат ракавите и институциите да имаат ефективна кривична правда и процесуирање на делата кои атакуваат жени, вели Весна Попоска, деканка на Правен факултет, на панелот на ЦИВИЛ „Родовата еднаквост во Северна Македонија: Меѓу декларациите и реалноста“.

„Доколку сакаме промена мораме да почнеме од самите себе, да ги научиме нашите синови да не ги тепаат своите девојки, отколку да ги учиме ќерките да бидат послушни“, вели Алмира Фазли од Иницијатива на жени Шуто Оризари.

Сè повеќе стануваме несензибилни и недоволно зборуваме за родово базирано и семејно насилство, вели Стојне Митева од Скај плус Струмица.

ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ

„Едно општество за сите – сегашност и перспективи“.

Каква е состојбата со спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“? Каде има напредок, кои се слабостите? Кои се очекувањата, препораките и прогнозите за претстојната година? Кои се „перспективите“ за 2022 година, беа дел од прашањата на кои зборуваа учесниците на јавниот настан „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“.

Роберт Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам и Едно општество, вели дека Стратегијата „Едно општество за сите“, и покрај огромните предизвици, е жива и функционира.

„Стратегијата беше донесена во еден долг процес на вклученост, ангажмани, соработка на многу инстанци, многу државни органи, кои не се дел од извршната власт, беше вклучена и домашната и странската експертска јавност, и преку сто и четириесет невладини организации. Направивме и меѓународна рецензија на стратегијата, и ги вградивме и нивните забелешки, за да добиеме документ што ќе ги опфати сите аспекти на оваа тема.“, вели Алаѓозовски меѓу другото.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во видео обраќање за панелот на ЦИВИЛ, истакна дека македонското општество е заеднички дом на различни заедници, а нивните верски, јазични и културни специфики создаваат мозаик, во кој сите делови се еднакво важни за убавината на целината.

„Идентитетските разлики, треба не само да се почитуваат, туку и да се пренесуваат на помладите генерации кои допрва учат за фундаментите на политичка заедница. Почитувањето на разликите ја враќа вербата едни во други, а владеењето на правото, ја враќа вербата во институциите.“, порача Пендаровски.

Џелал Хоџиќ – заменик директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, вели дека е многу важно да функционира Агенцијата за правата на помалубројните заедници. Агенцијата ќе доделува околу 2 милиони денари за поддршка на невладините организации. Тој нагласи дека ја обновиле соработката со ОБСЕ.

Ели Чакар – државна советничка во Министерството за локална самоуправа, вели дека локалната самоуправа има значајна улога за имплементација на Стратегијата „Едно општество за сите“.

„Кога зборуваме за важноста и улогата на локалната самоуправа, сакам да издвојам еден податок за илустрација. Во демократските децентрализирани држави, како што претендира и нашата да биде, 75 отсто од националното законодавство се имплементира на локално ниво.“, посочува Чакар.

„Интеркултурализмот бара одговорност од сите. Без да се прифати и индивидуална одговорност сметам дека нема да постигнеме значителни резултати во однос на спроведувањето на концептите и идеите за интеркултурализам.“, вели Марина Тунева, експертка и извршна директорка на СЕММ.

Лулзим Хазири – извршен директор на граѓанската организација АДИ од Гостивар, вели дека добро е тоа што и граѓанскиот сектор придонесува за промовирање на мултикултурализмот. Тој посочува дека мултикултурноста во нашата земја е реалност со која треба сите да се соочат.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска смета дека концептот „Едно општество за сите“ е навистина значаен за државата, за да зрееме како демократија и да се создадат генерации што ќе веруваат во тие вредности.

„За да постигнеме една таква трансформација на општеството е многу значајно образовниот систем да ја поткрепи Стратегијата „Едно општество“. И токму тоа го правиме. Ако го видите новиот концепт за основно образование, за првпат поставува национални стандарди за учење, тие се усогласени со европските и светски национални стандарди за учење, секако адаптирани на нашите потреби“, потенцира Царовска.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, кој е воедно и дел од оперативното тело на Владата за спроведување на Стратегијата, нагласи дека самото донесување на оваа Стратегија е еден храбар чекор и сериозен исчекор на Владата, дека сака приоритетно да се занимава со ова прашање.

„Донесувањето на оваа Стратегија го смени просторот и атмосферата за делување и сметам дека е тоа еден сериозно позитивен чекор“, истакна Маричиќ.

„Важна е вербата на сите нас. На носителите на одлуки како најодговорни, на невладините организации како коректор на власта. Но, пред сè, на сите граѓани. Одговорноста за изградбата на концептот Едно општество за сите е одговорност на секој граѓанин во нашата земја“, порачува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ, вели дека организацијата ќе бара целосно спроведување на Стратегијата и напуштање на политиката на неказнивост.

„Ќе се водам според еден париски графит „Бидете реални, барајте го невозможното“.  Треба да не чекаме донации туку самите да вложуваме средстава во спроведување на Стратегијата. Ќе бараме застапеност по сите основи, не само етничка, туки и родова, политичка итн. Комисиите за односи меѓу заедниците да се формираат во сите општини, а не само таму каде што живеат Македонци и Албанци“, посочи меѓу другото Дерала.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Што (не) научивме од локалните избори 2021, анализи, препораки, извештаи

ЦИВИЛ  одржа јавен настан со презентацијата на Финалниот извештај, анализи и препораки што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ „Локални избори 2021: Научени лекции“ и со излагања од Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и членот на ДИК, Борис Кондарко. Извештајот го презентираше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

„За состојбата во која се наоѓа општеството и политичкиот систем во целост, заслужни се тешките пропусти направени во креирањето на изборниот систем, а уште повеќе во изборните практики. Самите изборни процеси не се изолирани од сè останато во општествено-политичкото и правниот поредок. Напротив, тие се истовремено и последица и причинител за позитивните или негативните состојби во целокупното живеење на едно општество и на државата.“, вели Дерала.

На отворениот микрофон кој беше достапен на сите што сакаа да се обратат на темата, се обрати претседателката на Државната комисија за спечување корупција, Биљана Ивановска.

„Како што знаете, согласно нашиот закон, треба да го следиме изборниот процес и да ја следиме кампањата односно финансирањето на изборната кампања. За таа цел, државната комисија имаше поддршка од ИФЕС, и организираше конкурс на кој се пријавија околу 17 до 20 набљудувачи. Имаме и аналитичари кои во моментов работат на анализа на прибраните податоци. Од друга страна се организиравме добро да ги следиме изборните сметки на политичките партии за тоа кои име се донатори, за таа цел добивме пристап до банкарските сметки, на дневна основа, и го следевме секој прилив на нивните сметки.“, изјави Ивановска од ДКСК.

Борис Кондарко од  Државната изборна комисија (ДИК), истакна дека не се согласува со формулацијата „нефункционирање“ на фингерпринт апаратите, бидејќи од 3.480 избирачки места, само во 6 избирачки места не работеа фингерпринт апаратите поради технички причини.

 

На настанот се промовираше публикацијата „Локални избори: Научени лекции“ во која се објавени извештаи, анализи, коментари и препораки на ЦИВИЛ, што произлегуваат од долгорочниот и краткорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси. Публикацијата е сега е достапна и онлајн. Публикацијата е на сто страници и е само прва од четирите кои се однесуваат на спроведувањето на Локалните избори 2021.

Јавните настани на  Конференцијата „Перспективи 2022“ ги подготви тимот на ЦИВИЛ. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ