• Latest

Што (не) научивме од локалните избори 2021, анализи, препораки, извештаи

December 25, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Што (не) научивме од локалните избори 2021, анализи, препораки, извештаи

December 25, 2021 09:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ  одржа јавен настан со презентацијата на Финалниот извештај, анализи и препораки што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ „Локални избори 2021: Научени лекции“ и со излагања од Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и членот на ДИК, Борис Кондарко.

„За состојбата во која се наоѓа општеството и политичкиот систем во целост, заслужни се тешките пропусти направени во креирањето на изборниот систем, а уште повеќе во изборните практики. Самите изборни процеси не се изолирани од сè останато во општествено-политичкото и правниот поредок. Напротив, тие се истовремено и последица и причинител за позитивните или негативните состојби во целокупното живеење на едно општество и на државата.“, вели Џабир Дерала, на почетокот на презентацијата на анализата и препораките што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ за Локалните избори 2021, на настанот на ЦИВИЛ „Локални избори: Научени Лекции“.

„Како што знаете, согласно нашиот закон, треба да го следиме изборниот процес и да ја следиме кампањата односно финансирањето на изборната кампања. За таа цел, државната комисија имаше поддршка од ИФЕС, и организираше конкурс на кој се пријавија околу 17 до 20 набљудувачи. Имаме и аналитичари кои во моментов работат на анализа на прибраните податоци. Од друга страна се организиравме добро да ги следиме изборните сметки на политичките партии за тоа кои име се донатори, за таа цел добивме пристап до банкарските сметки, на дневна основа, и го следевме секој прилив на нивните сметки. Бевме електронски поврзани со бирото за вработување, како и министерството за труд и социјална политика, со цел да го избегнеме ризикот некои невработени или социјално загрозени лица, да се најдат на листата на донатори, како што впрочем бевме сведоци во изминатите години. Исто така, соработуваме со другите институции, како што е управата за финансиско разузнавање, коишто го следат текот на парите, а ќе видиме што ќе произлезе од сето тоа“,вели меѓу другото претседателката на ДКСК, Биљана Ивановска.

Борис Кондарко од  Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко истакна дека не се согласува со формулацијата „нефункционирање“ на фингерпринт апаратите, бидејќи од 3.480 избирачки места, само во 6 избирачки места не работеа фингерпринт апаратите поради технички причини.

Амбасадорката на ОДИХР во извештајот изнесе дека гласањето се одвиваше глатко, така што сметам дека немаше никаков проблем при гласањето со употреба на фингерпринт апаратите. Ако не беа функционални во првиот круг, тогаш ќе немавме резултати и немаше да се одржи вториот круг“, истакна Кондарко.

Тој делумно се согласува со тоа што во публикацијата на ЦИВИЛ „Локални избори: Научени лекции“ пишува за „неподготвеноста на изборната администрација“, додавајќи дека токму ДИК спроведе неколку интерактивни обуки до 30 лица од страна на нивните 120 сертифицирани обучувачи.


Публикацијата „Локални избори: Научени лекции“ во која се објавени извештаи, анализи, коментари и препораки на ЦИВИЛ, што произлегуваат од долгорочниот и краткорочниот мониторинг на политичките и изборните процеси, сега е достапна и онлајн. Публикацијата е на сто страници и е само прва од четирите кои се однесуваат на спроведувањето на Локалните избори 2021.

Дијана Тахири, Дехран Муратов

Камера: Атанас Петровски

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ