На конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2021, Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, зборуваше за предизвиците, но и успесите на УЈП.
„Си зададовме една цел а таа е ја надградуваме, ја унапредуваме, од година во година, дека ќе продолжиме со успешната соработка со коморите бидејќи тие се наши видни партнери и соработници, меѓутоа и на моменти се најдобронамерни критичари коишто не алармираат за оние процеси што треба да ги промениме за подобро да може да функционира економијата. Тука станува збор и за самите даночни обврзници бидејќи УЈП всушност се даночните обврзници. Симболиката за УЈП се надевам дека успевме да ја смениеме од репресија и да влеземе во една фаза на превентивност, а тоа значи дека продолжуваме и понатаму да градиме партнерски односи со компаниите…
Успешна Управа за јавни приходи значи успешен буџет, значи успешна економија и значи успешна држава. Јас очекувам дека ќе ја надминиеме оваа корона криза. Очекувам, исто така, дека во наредниот период ќе постигнуваме резултати. Очекувам дека во наредниот период ќе има успешни економски политики што ќе бидат креирани од Владата, дека ќе има повеќе пари во буџетот за развој на економијата, инфраструктурата, за унапредување и на здравството, образованието во сите оние сегменти и сфери на општеството. Очекувам декаи на меѓународен план да нижеме успеси…“ изјави Лукаревска.












