Според информацииte од Интернационалната организација за правата на домородните народи (ИПРИ) и Меѓународната работна група за Домородни работи (IWGIA), Владата на Обединетата Република Танзанија планира иселување на домородните Масаи од земјата на нивните предци, со површина од 1.500 km2 во округот Нгоронгоро, регионот Аруша, источно од Националниот парк Серенгети, Северна Танзанија.
.Масаи од округот Нгоронгоро, Северна Танзанија се соочуваат со уште едно насилно иселување, грубо прекршување на човековите права и прекршување на владеењето на правото.
Старешините на заедниците на Масаи од овој округ, заедно со целиот тим на Авааз побараа итна поддршка за запирање на егзодусот со кој се соочуваат. Секој ден, десетици илјади припадници на оваа заедница би можеле да бидат принудени да ги напуштат своите домови за да направат место за елитен туризам и лов на трофеи.
Последен пат кога Масаите се соочија со вакви закани, повеќе од 2 милиони членови на Авааз застанаа зад нивниот повик! Се создаде таква бура што тогашниот претседателот вети дека никогаш нема да ги избрка од нивната земја.
Но, сега, со новиот шеф на државата старите плановите оживуваат!
-Претседателката Самиа Сулуху Хасан можеби нема да не слуша, но знаеме дека ќе одговори на притисокот на медиумите и јавноста – на сите вас! Таа е во Европа токму сега пред големиот самит Европа-Африка, така што имаме само часови да го исполниме нашиот глобален повик. Придружете ни се сега – и покажете ѝ дека светот стои со Масаи!, велат Старешините во повикот.
Домородните заедници на Масаите со векови се грижеа за земјата и дивиот свет во Источна Африка,и мирно коегзистираат. Но, последователните влади се обидоа да ги избркаат од нивните домови под маската на туризмот и конзервацијата.
-Пробавме сè, дури и ја одведовме владата на суд за кршење на нашите права. Но, сега, вниманието на јавноста е намалено и се плашиме дека иселувањето може да се случи секој момент – уништувајќи ја нашата култура, оставајќи нè без покрив над главата и ставајќи го во опасност нашиот див свет. Политичарите ветуваат дека ќе најдат „решение“, но губењето на нашата земја може да значи изумирање на нашата заедница, велат тие.
-Затоа бараме надеж од вас. Знаеме дека нашата нова претседателка сака да се вклучи во дијалог со меѓународната заедница – затоа таа отпатува во Франција за да се сретне со претседателот Макрон. Тоа е совршен момент да и покажеме дека иселувањето на нас Масаи би било глобален ПР кошмар. Можеме да го промениме нејзиното мислење со вашата поддршка, но времето истекува – потпишете се сега!, повикаа Старешините на Масаите.
Некои од нашата заедница рекоа дека повеќе би сакале да умрат отколку да ги напуштат своите домови. Но, ова е избор кој никој не треба да го направи. Знаеме дека заедно сме посилни – на крајот на краиштата, претходно го сменивме текот на историјата. Ајде да го направиме тоа повторно и да замислиме свет каде што луѓето и природата можат да коегзистираат заедно, апелираат предводниците на Масаите.