• Latest

Петров: Мерките на Владата обезбедуваат паричен надоместок за занаетчиите и за оние кои останале без работа

April 17, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петров: Мерките на Владата обезбедуваат паричен надоместок за занаетчиите и за оние кои останале без работа

April 17, 2020 13:02
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Економските ефекти на корона вирусот ги чувствуваме апсолутно сите. Го разбираме вашиот страв. Загрижени сте за своите работни места, за вашите компании, се прашувате како да ги подмирите месечните трошоци“, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ на денешната прес конференција.

„Во оваа битка не сте сами. Заеднички ќе ги поминеме овие тешки денови и заеднички ќе излеземе како победници од оваа глобална криза.
Кои се условите да добиете субвенционирање на 50% од придонесите за месеците април, мај и јуни?
Компаниите кои сакаат да аплицираат за да ја користат мерката за субвенционирање на 50% од придонесите, треба да исполнуваат услов приходите да им бидат намалени за најмалку 30% споредбено со просекот за 2019 година. Втор услов е бројот на вработени за месеците април, мај и јуни 2020 година да не биде помал од бројот на вработени со состојба на 31.03.2020 година и да не исплатува дивиденди и бонуси од денот на објавување на уредбата до денот на поднесување на годишна сметка/финансиски извештаи за 2020 година. Доколку, компаниите се регистрирани само неколку месеци се зема просекот од периодот во којшто функционираат. Ако компанијата има сезонска работа се зема просекот од кварталот/сезоната која е релевантна од претходната година.
Дали финансиска поддршка за исплата на плата во износ до 14.500 денари се однесува на нето платата што треба да ја исплати работодавачот како минимална нето плата или се однесува на бруто платата во висина до 14.500 денари?
Работодавачите ќе добиваат по 14.500 денари нето по вработен месечно и ова не е плата, туку износ на финансиска поддршка која секоја компанија може да ги искористи.
Дали за време на користење на мерката за финансиска поддршка од 14500 денари по вработен треба да се надополни бројот на вработени, во случај на пензионирање на вработени, самоволен отказ или кршење на работниот ред?
Работодавачот кој побарува финансиска поддршка не смее бројот на вработени, да го намали за месец април, мај и јуни 2020 година во однос на бројот на вработени со состојба на 31 март 2020 година, земајќи ги во предвид и вработените, преку приватна агенција за вработување, освен во случај на пензионирање, самоволен отказ, кршење на работен ред или смрт.
Како може  занаетчии, самостојни вршители на дејност  да аплицирааат за мерката за плата од 14.500 денари за месец април и мај?
Лице кое врши занаетчиска дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи. Формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиска средства ја пропишува Министерот за финансии.
Барањето се поднесува преку системот е-даноци на Управата за јавни приходи до 5- ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува. Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на приемот на барањето.
Во Барањето, физичко лице кое врши самостојна дејност, дава Изјава за исполнетоста на условите од Уредбата. Управата за јавни приходи ја известува Владата на Република Северна Македонија за физичките лица кои вршат самостојна дејност-баратели на финансиска поддршка кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства. Износот на финансиска поддршка се исплатува до 13-ти во месецот за претходниот месец преку Владина програма за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност.
Како да дојдете до мерката од Владата за 7000 денари помош ако сте невработени?
Доколку сте материјално необезбедено домаќинство, ве молиме да се обратите до месно надлежниот Центар за социјална заштита за да може да поднесете право за добивање на гарантирана минимална помош, како и друго право доколку ви следува согласно Законот за социјална заштита и Законот за заштита на децата.
Како да добиете паричен надоместок во случај на престанок на работниот однос?
Доколку имате престанок на работниот однос, може да користите паричен надоместок. Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос. Надоместокот се исплатува согласно годините за работен стаж. Подетални информации за правото може да најдете на www.av.gov.mk
Исто така, доколку сметате дека ви се повредени, или прекршени работничките права, ве упатуваме да се обратите до Државниот инспекторат за труд.
Уште еднаш апелирам, искористете ги мерките на Владата. Мерките постојат за да им се помогне на сите работодавачи, работници и граѓани погодени од коронавирусот.  Да изградиме заедничка доверба и заеднички да ја пребордиме оваа глобална криза!“, одговори Петров на најчесто поставуваните прашања од занаетчиите.

 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ