• Latest

Петровска – Бешка: Национализмот и идентитетската припадност

August 22, 2020

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Петровска – Бешка: Национализмот и идентитетската припадност

August 22, 2020 17:45
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Граѓанскиот форум за учество во креирање на владините политики, ЦИВИЛ одржа панел дискусија со професорката Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка, на темата национализам. Професорката Мирјана Најчевска зборуваше за национализмот од правен аспект, посочувајќи ги правата на индивидуата во однос на колективот, злоупотребата на политичките субјекти кон индивидуата во интерес на колективитетот, и перцепирањето на индивидуалното и колективното во нашето општество, додека професорката Виолета Петровска-Бешка го објасни психолошкиот аспек тнанационализмот во однос на идентитетите.

-Зошто психологијата вели дека човекот има потреба кога се гради како личност за да го сочува своето позитивно себе вреднување, да припаѓа на некаков колективитет или на некаква група. Значи како што секоја личност има таканаречена социјален идентитет кој произлегува од припадноста на групи или од улогата што ја игра,  припаѓа на различни групи. Разликата е само припадноста на која група ќе ја смета за најбитна.

Да почнам уште еднаш од тоа дека јас национализмот ќе го поврзам со идентитетот, прашањата на идентитетот, и ќе пробам така да го објаснам она што ни се случува кога се работи за национализам.  Значи уште еднаш, личноста има потреба да гради позитивна слика за себе,/ секоја здрава личност/ во градењето на таа слика и помага идентитетот. Идентитетот освен личен има и аспект на социјална компонента. Во тие социјални компоненти пак велам влегува  припадноста на различните групи и ја дефинира припадноста.

На пример, имаме родов идентитет со кој е детерминирано тоа на кој род се припаѓа, имаме професионален идентитет, па имаме етнички идентитет, па имаме национален идентитет, па имаме религиски идентитет итн.  Земајќи го тоа предвид, јас сум нели жена според мојот родов идентитет, сум психолог и професор според мојот професионален идентитет, сум Македонка според мојот етнички идентитет и сум државјанин на Република Северна Македонија според мојот национален идентитет и можам да редам уште многу ред  други аспекти на мојот социјален идентитет. Потоа психологијата вели дека постои одредена динамика, нема фиксирани приоритети на таквите различни аспекти на социјален идентитет, туку кој ќе биде приоритетен во одреден момент зависи од интергрупниот и  интерперсоналниот контекст во кој индивидуата или личноста опстојува.

Од што зависи да речеме, колку ќе припишеме важност на одреден аспект на тој социјален идентитет зависи од тоа колку на индивидуата и е битна идентификацијата, да се идентификува со групата на која и припаѓа, значи колку и е важно да припаѓа на таа група, колку мене ми е важно за тоа што сум психолог, или во поглед  на професионалните идентитети, колку ми е важно тоа што сум жена, колку ми е важно мене што сум Македонка. Колку ми е важно да бидам идентификувана како припадник на таа група. Друго е детерминирано каков е мојот емотивен однос со групата, колку јас ќе се најдам погодена од тоа што мојата група е загрозена, загрозеноста може да биде објективна а може да биде и многу субјективна, може да биде само доживување на загрозеност без да има објективни показатели. И колку ја прифаќам идеологијата на групата, значи нејзините  вредности нејзините цели. Затоа кај нас има поделба колку јас сакам да се прикажам себеси како патриот а колку ми е да речеме сеедно ако некој мене ме прогласува за предавник. Колку ми е многу важно да речеме ќе ме смета за голема Македонка или ќе ме смета за обична Македонка, мислам и тоа е многу битно за севкупниот мој идентитет, како јас ги доживувам работите.

Имајќи го предвид во фокусот на нашиот интерес денес како национализам е дискусијата треба да се однесува на два вида на идентитети , на нив да се концентрира. Едниот е таканаречен етнички идентитет, другиот е таканаречен национален идентитет. И тоа зависи дали идентитетот е во односот кон нацијата или е во односот кон сопствената етничка група. Сега националниот идентитет е поширок концепт од етничкиот идентитет затоа што бара да се надмине односот кон припадноста на сопствената етничка група и да се поврзе со нацијата како политичка категорија. Она што ние го гледаме во јавниот дискурс е дека не се прави разлика помеѓу тие два вида на идентитети, етнички и национален, многу често се злоупотребува поимот идентитет, и да речеме па етничкиот се смета исто како и за националниот кога зборуваме за национален идентитет ние всушност зборуваме за етнички идентитет главно не ја правиме разликата.

Исто така индивидуалниот идентитет за кој зборувам јас, многу често се занемарува во јавниот дискурс на сметка на колективниот идентитет, а тие би требало да бидат различни. Иако пак уште еднаш да кажам дека поединецот има потреба за да припаѓа на група и да се поистоветува со група само зависи која група  му е најбитна во моментот. Значи ова да речеме е многу често во психологијата се смета како резултат на влијанието на нормите што ги определуваат нашите култури ,кога велам нашите култури мислам на културите на граѓаните на нашата земја, тие култури се дефинираат според некоја една многу битна поделба или многу влијателна поделба во психологијата на колективистички, значи нашите култури се колективистички во основа. Кога би биле индивидуалистички тие би биле ориентирани на индивидуалните потреби и би ја негувале индивидуалната одговорност на граѓаните, би ја ценеле независноста на индивидуата и индивидуалните постигања на луѓето, а бидејќи нашите култури не се такви туку се колективистички , поединците во овие култури се доживуваат како интегрирани во кохезивни групи, се заштитени од групата ама заштитата што ја уживаат од страна на групата е на сметка на неприкосновена лојалност која мора да прикажат кон групата. При тоа нели се цени таквата меѓузависност или она што популарноста ги нарекуваме врските помеѓу луѓето, значи да имаш врски е многу битно за да можеш да опстанеш и групните постигања се многу побитни од индивидуалните постигања.

Почнав  да зборувам за два вида на националности кои се во последни години во социологијата, и психологијата прилично популарни и кој Најче на некој начин ги начна, а тоа е поделбата помеѓу етнички национализам и граѓански национализам, значи едниот е прилично деструктивен по социјалните односи, особено во мулти етнички средини а другиот е прилично продуктивен и за мулти етнички средини како што е нашето. Значи граѓанскиот национализам се гради врз основа на споделено државјанство во државата во која се живее и произлегува од припадноста на граѓански определена нација, во основа на граѓанскиот национализам е граѓанинот во основа на таквото гледање на нештата е граѓаниот кој гради индивидуален однос со државата, она што би сакала Најче да го види и заедно со сите други индивидуи  кои живеат еднакви права во државата ја сочинуваат нацијата.

Тој граѓански национализам е определен од принципите на демократско владеење, значи мора да постојат принципи на демократско владеење и тие да бидат прифатени, подржани од страна на граѓаните и нацијата како таква е отворена за сите граѓани што ги споделуваат овие вредности, демократските вредности независно од нивната етничка припадност, од нивната религиска припадност не зависно од припадноста на било која група.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

монтажа и фотографии: Билјана Јордановска 

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ