• Latest

Петровска ги посети студентите на ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: Практичната настава е значајна за квалитетно образование

May 18, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска ги посети студентите на ФОН кои се на теренска настава со армиските специјалци: Практичната настава е значајна за квалитетно образование

May 18, 2022 14:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Струмица ги посети студентите од Факултетот за детективи и безбедност при Американскиот Универзитет на Европа ФОН кои во периодот од 16-20 мај во рамки на својата наставна програма реализираат теренска настава по предметот Топографија и тактика во природни услови со обучувачи од Баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија.

 При посетата министерката Петровска им се обрати на присутните студенти, претставници од факултетот и припадниците на Армијата, при што ја истакна соработката со научно – образовните институции која е од особено значење за развој на одбраната.

 „Ми причинува задоволство што како резултат на Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Универзитетот ФОН и нашето Министерство за одбрана со спроведува оваа теренска настава и имате можност уште подобро да се запознаете со оваа област. Она што го учите од книгите е основата на она со што понатаму ќе се соочувате, но овие знаења што ќе ги добиете од нашите припадници ќе ви бидат од многу голема корист“, рече министерката Петровска.

За време на реализацијата на наставата студентите изведоа показна вежба извлекување на повредени лица при елементарна непогода на непристапен терен,  се обучуваа во повеќе тематски единици меѓу кои: ориентација во простор преку користење на природни знаци, пребарување и спасување, логорување, правилно ракување со лично вооружување, читање на траги, и друго.

Согласно меморандумот за разбирање потпишан меѓу Министерството за одбрана и Американскиот Универзитет на Европа ФОН потпишан во 2019 година и благодарение на претходната соработка во изминативе години се реализирани повеќе посети на гарнизоните на Армијата во Куманово, Штип и Кичево, каде е реализирана практична настави за студентите од Факултетот за детективи и безбедност при ФОН.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ