• Latest
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ВМРО-ДПМНЕ го штити со лаги

July 17, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска: Мицкоски ја крие вистината, ВМРО-ДПМНЕ го штити со лаги

July 17, 2024 16:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Славјанка ПетровскаФото: Цивил / Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што ја направи уште во првите 10 дена како Премиер. Наместо да поканеше некој првенец на генерација или најдобриот студент, тој реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон како дел од владината делегација, вели Славјанка Петровска, пратеник на СДСМ во Собранието на Република Северна Македонија.

– Три дена Мицко ги крие сметките за кои тврди дека ги платил од сопствени средства. Ако е така нека ги покаже сметките, зошто молчи три дена? Фатени во злоупотреби, решија вниманието да го свртат со една голема лага, за наводната моја хациенда и разни теории за можни продажби и слично. Веќе видено сценарио. Истите овие обвинувања беа изнесени на прес конференцијата на пратеникот и тогашен и сегашен на ДПМНЕ, Драган Ковачки, против кого поднесов тужба за клевета. И иако бегаше од рочиштата и се обидуваше на секаков можен начин да ги одолговлекува, сепак правдата го стигна и судот пресуди дека лажел и ја манипулирал јавноста со цел да наштети на мојот углед.

Продолжете да пласирате лаги за мене, а јас ќе продолжам да поставувам прашања на кои сеуште немате одговор, а јавноста чека: Зошто за помошник министер во МВР да е поставено лице со активна кривична пријава? Зошто заменик директорката на Агенција за разузнавање е незаконски поставена, со несоодветно работно искуство?

Кога Мицкоски ќе се извини за злоупотреба на позицијата и организирање прошетки на неговиот син во Вашингтон? ⁠Зошто за директор на Управата за извршување на санкции поставите лице со несоодведно искуство? ⁠Дали финансискиот пакет со Унгарија е билет за враќање на Груевски во Македонија? Дали сте свесни дека со упадот кој го правите во безбедносните служби со поставувње на несоодветен кадар, кои се послушници на подземјето на ДПМНЕ ја загрозувате позицијата на Македонија како НАТО членка Времето ви изминува, наскоро вистината на виделина, вели Петровска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result