• Latest

Петровска: Нашиот пристап е отворено и транспарентно да се справуваме со сите предизвици

August 29, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Нашиот пристап е отворено и транспарентно да се справуваме со сите предизвици

August 29, 2022 13:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска утрово учествуваше на регионален настан во формат на тркалезна маса за јавни политики, организиран од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и од Центарот за изучување на демократија – Софија (CSD) во соработка со американскиот тинк тенк National Endowment for Democracy, посветен на зацврстувањето на демократската отпорност во Северена Македонија, особено во контекст на моменталните безбедносни предизвици на европскиот континент, информираат од Министерството за одбрана.

На настанот конципиран како форум за дискусија на регионални и домашни експерти и носители на одлуки за начините како институциите, граѓанското општество и медиумите можат да се справат со авторитарните тенденции во контекст на актуелните геополитички и геоекономски околности, министерката Петровска истакна дека глобалните предизвици се од различна природа, но се заемно поврзани и налагаат координиран одговор.

Во таа насока, министерката се осврна и на меѓународната безбедносна средина, за која рече дека е покомплексна од кога било досега, вклучувајќи цел спектар на воени, политички, економски и други алатки кои претставуваат предизвик за нашите институции, економии и општества.

„Безбедносните закани не се само конвенционални и во пракса се комбинирани со хибридни алатки и методи, вклучувајќи ширење на дезинформации, сајбер напади и економски притисоци кои имаат за цел да ги дестабилизираат и поткопаат општествата и владите”, рече Петровска на панел дискусијата.

Во контекст на Југоисточна Европа, Петровска подвлече дека преку хибридни активности и влијанија, може да се влијае на забавување на европската и евроатлантската интеграција на овој дел од континентот, додека истовремено слабее европската привлечна сила.

Она што е важно сега, истакна Петровска, е како да се бориме со овие закани и како да се подготвиме, односно како да изградиме отпорни општества.

„Посилната координација помеѓу цивилните и воените капацитети и соработката со сојузниците и партнерите е повеќе од потребна, исто како и креирањето на механизми за справување со заканите по безбедноста“, порача Петровска.

Министерката се осврна и на потребата од создавање на правна рамка за регулација на сајбер заканите и хибридното војување, за што рече дека е високо на агендата на Северна Македонија, особено имајќи предвид дека во октомври минатата година беше донесена Стратегијата за градење на отпорност и справување со хибридни закани.

„Нашиот пристап е отворено и транспарентно да се справуваме со сите предизвици, нашите граѓани да бидат информирани и свесни за нашите политики и напорите за обезбедување стабилност и просперитет“, рече министерката на денешната дискусија.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ