• Latest

Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

May 16, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Петровска: Одбраната прераснува во еко-одбрана, штедиме средства и ја заштитуваме животната средина

May 16, 2022 17:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Водени од програмата на Владата во однос на заштитата на животната средина, како и агендата НАТО 2030, која климатските промени ги постави како безбедносно прашање од највисок приоритет, Министерството за одбрана го изработи Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната и се позиционираше како лидер помеѓу институциите во заштитата на животната средина, соопштија од Министерството за одбрана.

Министерката Славјанка Петровска денеска во касарната „Илинден“ го претстави овој План кој  се спроведува преку четири столбови – пренамената на затоплувањето од користење на загадувачки во незагадувачки енергенси, изградбата на фотоволтаични електрани на објекти во касарните, зголемување на енергетската ефикасност на армиските објекти, како и континуираното следење на влијанието на армиските активности врз животната средина. Петровска порача дека еко – одбраната не е само план на хартија, туку еден од клучните приоритети на сојузничката безбедносна политика кои Министерството ќе ги реализира.

„Со пренамената на затоплувањето од користење на загадувачки во незагадувачки енергенс, количината на јаглерод диоксид од армиските касарни ќе се скрати за половина. Касарната „Илинден“ е гасифицирана, а во Касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Боро Менков“ во Куманово целосно е завршена потребната инсталација и наскоро и двете касарни ќе бидат поврзани со гасовод. Касарната „Гоце Делчев“ во Скопје е веќе приклучна на скопската дистрибутивна мрежа, а во моментов се работи на приклучување на последниот објект во оваа касарна. Пренамена на енергенсот се планира и за останатите касарни низ државата“, рече Петровска.

Во однос на изградбата на фотоволтаични електрани до 2024 година, министерката истакна дека заштедите на средства наменети за електрична енергија по инсталацијата на фотоволтаичните електрани се проценети на ниво од над еден милион евра годишно. На овој начин Армијата своите потреби за струја ќе ги покрива исклучиво од ова сопствено производство.

Министерката информираше дека зголемувањето на енергетската ефикасност со што се заштедуваат и струја и топлинска енергија за армиските објекти веќе е во фаза на реализација – целосно се реновирани 5 големи објекти, во фаза на целосна реконструкција се 7 исто така големи објекти, а за 2023 планирана е реконструкција на најмалку 5 објекти, низ сите касарни и за сите единици на Армијата.

Мерењето на влијанието на армиските активности врз животната средина, исто така, веќе е практика. Универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет, со мониторираше две големи последователни вежби во 2019 и 2021 година, а резултатите покажаа дека армиските активности немаат никакво штетно влијание врз природната средина. Мерењето се спроведува и за време на вежбата „Swift response 22“ а резултатите ги очекуваме по завршувањето на вежбата.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини порача дека она што во моментот се работи и е од особена важност е мапирање на сите јавни институции на државно и локално ниво, начинот на нивно затоплување, состојбите со енергетската ефикасност на објектите и можностите и плановите за интервенција, а собраните податоци се јавно објавени на веб страницата на ова Министерство преку ново креираниот дигитален регистар.

„Сметам дека извонредниот пример што го дава Министерството за одбрана преку Еко-одбраната е одличен практичен пример што треба да направат сите останати министерства, државни институции, а особено локалните самоуправи, бидејќи само со точен увид во состојбите може правилно да се проектираат и мерките и средствата потребни за нивна реализација“, рече Нуредини.

На прес-конференцијата, професорот Драган Миновски од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, изработувач на Анализата врз која е изработен Планот на Министерството истакна дека му претставува чест што е дел од овој значаен проект за Армијата и за државата, проект што ќе придонесе за поголема енергетска ефикасност, заштеди на енергија и еколошки бенефити за Армијата и за државата.

„Согласно анализата можноста за инсталирање на фотоволтаични електрани е на ниво од 10,3 мегавати инсталирана моќност што е на рангот на сега пуштената нова фото-волтаична електрана од страна на АД ЕСМ во термоелектраната Осломеј во Кичево. Оваа инсталирана моќност би придонела за годишно производство на електрична енергија на ниво од 12.000 мегават часови, а вкупната инвестиција се проценува на некаде околу 6 милиони евра и многу брз поврат во рамки од пет и пол до шест години со сегашните цени и пазарни услови во делот на електричната енергија“, појасни професорот Миновски.

Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната во целост ќе се реализира до 2024 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ