• Latest
Бранко Петровски

Петровски, жртвата на тешкиот физички напад во саботата, денеска е хоспитализиран, откако му се влошила состојбата

May 20, 2019
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петровски, жртвата на тешкиот физички напад во саботата, денеска е хоспитализиран, откако му се влошила состојбата

May 20, 2019 17:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Бранко Петровски

Бранко Петровски

Share on FacebookShare on Twitter

Потпирајќи се на искази од очевидци, ЦИВИЛ Медиа вчера објави текст за саботниот тежок физички напад кој го изврши скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов врз Бранко Петровски. Последиците од овој напад се тешки. Првично беа утврдени две фрактури, на горната вилица и на носот, но денеска, при контрола, се утврдила уште една сериозна фрактура во пределот на главата.

Бранко Петровски, жрта на нападот

Напаѓачот е на слобода. Иако полицијата го „посетила“ напаѓачот веднаш по инцидентот, тој имал „обврски“, поточно, бил поканет на свадбена веселба, каде што и завршил, откако неколку часа пред тоа претепал човек.

Чорогунов, прв во најгорниот ред, со елече и црвена вратоврска (од неговиот Фејсбук профил)

Тоа може да се утврди и од фотографијата објавена на социјалните мрежи од која се гледа дека напаѓачот е во добро расположение, на свадба. Синот на жртвата, му коментираше на профилот со зборовите: „Уживајте Директоре. Човекот кој денес го претепавте, е стабилен, но задржан во болница со тешки телесни повреди. Ама да не ви реметам свадба. Или може веќе сте на афтер. Уживајте и наспијте се вечер мирно!“

Иако за тоа имало повеќе од очигледна потреба, жртвата на нападот, Петровски, во саботата не беше хоспитализиран затоа што немало место  ниту во Градската болница, ниту на државната клиника, иако обилно му крварел носот и не можел да заспие од болки и од тоа што се гушел во сопствената крв. Сепак, денеска, откако состојбата му се влошила уште повеќе, тој конечно е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.

Слободен печат вчера објави: „Полицијата извести дека вчера во 15.45 часот во полициската станица во Центар, Б.П.(56) од Скопје пријавил дека дента околу 13.15 часот пред менувачница во која работел на улицата „Васил Главинов“ бил физички нападнат од лицето С.Ч., при што здобил тешка повреда. Од МВР известуваат дека полициски иследници разговарале со С.Ч. и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ Ова е невообичаена реакција на органите, особено затоа што се работи за физички напад со тешки телесни повреди.

Чорогунов е сопственик на хотелите „Александар Сквер“ и „Александар 2“ во центарот на Скопје, градежната фирма „Караорман“ и неколку други бизниси. Во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“ се наоѓа кафулето на Петровски.  Чорогунов го извршил нападот врз Петровски во најнепосредна близина на хотелот „Александар 2“, во саботата, во 13 часот, откако претходно му го попречил патот и побарал од него да ја симне рекламата за неговата менувачница што таму е поставена пред 19 години.

Чорогунов го нападнал со тупаници, го кутнал на земја и продолжил силно да го удира во пределот на лицето и главата. Петровски немал шанси да се одбрани. Тој неодамна извојувал успешна битка со ракот. Поради хемотерапијата и лекарствата што сѐ уште ги прима, тој физички бил немоќен да се одбрани од жестокиот напад. Според очевидци, непосредно по нападот, Чорогунов му рекол дека му е криво што не го убил.

Б.Ј.

Share492TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ