Пикот заболени од корона вирусот во државата се очекува да биде 2.000 до крајот на април. Првичната проценка е 2% смртност, но поради недоволното познавање на болеста може тој процент да биде повисок, брифираат од Владата.
Со оглед дека Германија се спрема за домашно лекување, македонските експерти сметаат дека тоа е подобар начин отколку да се спремаат големи објекти со многу пациенти. Се разбира, домашното лекување доаѓа во комбинација со клиничкото, но не и огромни објекти со голем број легла.
Според министерот за здравство Венко Филипче, можеме да го издржиме ударот до 2000 пациенти, а во моментот сме меѓу најдобрите во Европа, според статистиките за навремено преземање мерки.