ЗОРАН ИВАНОВ
Премиерот на Република, а и според неговиот исказ, Северна Македонија, објави дека ќе се сретнел со министерот за внатрешни работи со цел да договараат стратегија за борба против корупција што, покрај другото, како на пример „никогаш Северна“ и слични дребулии, беше едно од клучните предизборни пропагандни пораки и, секако, Македонија и сите ние во неа, од сé срце и најискрено посакувамe премиерот и неговиот тим брзо да успеат и борбата со корупцијата да епилогира со конечно позитивен извештај на меѓународните монитори но, но, има едно „но“, едно вонинституционално и неразбирливо „но“ кое едноставно и кажано и во оваа една реченица, упатува само на веќе видено PR -oвско мачкање очи па, демек, премиерот на темата ќе се сретнел со министерот на полицијата како да министерот на полицијата е некоја друга независна надворешна и од него туѓа институција која не припаѓа на неговиот тим, поточно на кабинетот на премиерот и, оттука, веста упатува на онаа приказна што ја учеа постарите генерации во стилот „Пинки го виде Тито“ и адаптирано на нашие актуелни и, како што вели премиерот, „северно македонски“ околности, излегува дека средбата „Премиер – Министер“, конкретно министер на МВР, ќе биде во стилот „Пинки ќе го види Тито“.