• Latest

Писарев: Криминалните групи наоѓаат начини оружјето што остана на овие простори да го префрлат во земјите на Европската унија

January 5, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Писарев: Криминалните групи наоѓаат начини оружјето што остана на овие простори да го префрлат во земјите на Европската унија

January 5, 2022 15:30
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Кога зборуваме за илегално оружје и за шверц на оружје, тука се два битни елементи кои мораме да ги поврземе. Со распадот на бивша Сојузна Федерално социјалистичка Југославија нејзините конструктивни елементи станаа посебни држави. Меѓутоа комуникациите кои што ги поврзуваат тие држави, комуникации кои ги поврзуваа соседните општини меѓу Македонија и Србија, помеѓу Србија и Црна Гора, помеѓу Црна Гора и Косово, станаа сега нови држави со нови граници. Меѓутоа без оглед на тоа што се воспоставени граници, комуникациите останаа и тие комуникации на некој начин беше невозможно до крај да се контролираат, и контролата на тие комуникации ги презеде всушност мафијата и криминалните групи користејќи ги за своите потреби, вели Александар Николиќ Писарев во интервју за ЦИВИЛ, како дел од проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Република Северна Македонија“ со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд. 

Вториот елемент кој силно влијаеше на недозволена трговија со оружје тоа беа настаните во Албанија и на просторот на бивша Југославија со распадот на ЈНА, и во еден момент имавме од Албанија 550 илјади  парчиња оружје и околу 839 милиони парчиња муниција, 16 милиони пакувања на разни експлозиви коишто преминаа во рацете на криминални групи.

Тие криминални групи почнаа да го пренесуваат и шверцуваат тоа илегално оружје, најнапред по илегалните патни правци на просторот на Западен Балкан, меѓутоа како минуваше време и како цената на оружје почна да паѓа, тоа оружје почна да се прелива и во соседните држави, а посебно и во земјите на Европска унија, каде што и со предупредувањата на ЕУ и на нивните истражувачки центри укажува на тоа дека таков неконтролиран шверц на оружје може да дестабилизира и некои земји на Европа.

Што се случи понатаму, зошто е тоа така? Да речеме дека цената на еден калашников во просторот на бивша Југославија, вклучувајќи ги Албанија и Косово, достигнува цена до 300 евра, меѓутоа тој ист калашников ако го префрлите во било која земја на Европската унија достигнува цена до 3.000 евра.

Тоа јасно укажува колку криминалните групи се заинтересирани оружјето што остана на овие простори на некој начин да го префрлат во земјите на Европската унија. Тоа нормално ги загрижува европските влади бидејќи тоа може да доведе до безбедносни ризици.

По Брегзит се појави една интересна ситуација, во Англија практично ниту полицијата не носи огнено оружје и каде што нивото на криминал завршуваше со ладно оружје (ножеви итн.), почна да се префрла големо количество на оружје од балканските земји и во територија на оваа држава што претставува еден загрижувачки момент.

Втора работа е што и големи производители на оружје, тоа го покажува праксата години наназад, кога се намалува побарувачката на легално оружје и кога се воведуваат големи рестриктивни мерки во набавка на легално оружје, големите фабрики почнуваат да лиферуваат преку криминалците во спрега со организирани шверцери на оружје да лиферуваат дел од својот арсенал преку црниот пазар. Во денешно време е многу тешко да се контролираат сите патишта по кои се движи илегалното оружје.

Има еден интересен пример, на почетокот на 20 век, што направи Црна Гора во тоа време за да спречи илегално оружје, она со декрет нареди секоја машка глава во Црна Гора мора да поседува оружје но тоа оружје мора да го купи од државата. На тој начин се воспостави контрола на оружјето.

Битно е да се воспостави систем покрај безбедносниот којшто ќе ги контролира илегалните канали на шверц на оружје, да се воспостави систем како да се обезбеди контрола на легално оружје. Што повеќе имате рестрективни закони за набавка на легално оружје, толку повеќе ќе имате поголем шверц на илегално оружје и криминал.

Камера и транскрипција на текстот: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ