Александар Николиќ Писарев на панелот „Еден месец руска агресија врз Украина“ го опиша Путин, односно неговите воени дејности, како „слон во продавница на кристални чаши“.
„Она што очекувам сега да се случи, е пукање по внатрешните шевови во Русија, трошоците кои ги изискува воената интервенција, заробените 11 милијарди долари во швајцарските банки и сето тоа, мислам дека ќе влијае на внатрешната стабилност на Русија и понатамошна дезинтеграција на „големата мечка“, вели меѓу другото Писарев.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети