ЗОРАН ИВАНОВ
Мицкоски до Груевски: „Тој е во таен дил со власта за своја слобода“; Груевски до Мицкоски: „Со таков плиток памет партија не се води; Георгиевски до Груевски: „Се што ми напрaви мене, сега ти го прават тебе“; … и така натаму и така натаму за во драматуршките бла, бла лидерски тријалози да си се испоплукаат, да си се испобербатат и, притоа, и пред народот и пред историјата, ич да не им чуе што ниту машина ќе ги пере, ниту центрифуга ќе ги суши и, оттука, уште појасно станува поради што и поради кого сме каде што сме па, кажано само во оваа една реченица, најпростиот одговор би можел да се сведе на тоа дека сме каде што сме само затоа што им дозволивме нас да нè остават со длабока памет и плиток џеб, а себеси да си се почестат со плиток памет и длабок џеб!