„Ако земеме во предвид дека до скоро време процентот на поддршка беше 92-98 проценти, тоа значи дека граѓанките и граѓаните не се запознаени. Во последните години процентот е драстично опаднат. Нема повисок процент на поддршка во светот од Македонија, а тоа значи дека на луѓето им се пласираат лоши и неточни информации. Претходната власт правеше хистерична кампања против Алијансата“, рече Стево Пендаровски, на трибината за НАТО на ЦИВИЛ Центар за слобода.
Тој додаде дека една од замерките е дека Македонија нема да издржи поради буџетот. Послендиот 2,2 милијадри долари на НАТО буџет од тоа секоја членка одвојува од својот БДП тоа е околу 3,4 – 4 милиони едвра.
„Тоа не е бројка од која треба да се плашиме. Тоа се двата лава на мостот Гоце Делчев. Тврдењето е дека ние мора да имаме референдум, тоа не е точно. Или не знаат или не сакаат да знаат“, истакна Пендаровски.