• Latest

По 4 години затвор за креаторите на „Јавна соба”, пресврт во војната против руската агресија, се одржа првиот „Мулти култи бриф“

March 11, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

По 4 години затвор за креаторите на „Јавна соба”, пресврт во војната против руската агресија, се одржа првиот „Мулти култи бриф“

March 11, 2022 16:41
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

По четири години затвор за обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

Креаторот на групата „Јавна соба“, Дарко Костовски, доби четири години затвор, а на администраторот Михаил Паневски му се досудени исто така четири години затвор, од судијката Билјана Коцевска. Казните ги добија бидејќи обвинителот Владо Милошевски тврдеше дека тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете. Двајцата се гонат за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија, пренесува Макфакс.

102.000 записи од фотографии и видеа биле најдени во телефонот на основачот на групата, а над 14.000 фотографии и видеа кај модераторот, кажа судијката.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Украинскиот претседателот, Володимир Зеленски, во видео обраќање на 16-тиот ден од војната, изјави дека е невозможно да се каже колку долго ќе продолжат борбите за ослободување на земјата, но Украина веќе постигна стратешка пресвртница во војната со Руската Федерација, јавува дописникот на Укринформ.

„Се надеваа дека некој ќе ги поздрави руските знамиња со цвеќиња на украинските улици… Невозможно е да се каже колку време ќе биде потребно за да се ослободи нашата украинска земја. Сепак, можно е да се каже – ќе го сториме тоа. Затоа што го сакаме, затоа што веќе достигнавме стратешка пресвртница. Одиме кон нашата цел, кон нашата победа“, рече Зеленски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Четириесет и осум училишта во Харков се уништени од руските напади, информираше градоначалникот Ихор Терехов во денешно телевизиско интервју.

Руски војници пукаа врз психијатриската установа во селото Оскил, со 330 жители, во регионот Харков, пренесува Укринформ.

Министерството за надворешни работи на Украина изразува протест во врска со неоснованата, политички мотивираната одлука на Јужниот окружен воен суд во г. Ростов-на-Дон од 10 март 2022 година да осуди на затворска казна петмина украински државјани според измислени обвиненија во случајот на таканаречената „втора симферополската група „Хизб ут-Тахрир“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Неуспеша руска пропаганда да го убеди светот дека не гранатираа болница со бремени жени во Украина.

ХУМАНОСТ По социјалните мрежи се шири хуманиот гест на 8-годишната Ајрис од Лимерик, Ирска, која одлучила да ги испрати сите свои пари за да им помогне на жителите на Украина.

НАТО во пресрет и за време на руската инвазија на Украина ги зајакна своите сили во источна и југоисточна Европа, додека САД испратија дополнителни 15.000 војници, така што бројот на нивните луѓе во Европа надмина 100.000.

ПОВИК Најостриот критичар на Кремљ, Алексеј Навални повика на антивоени протести во Москва и другите градови в недела.

БЕГАЛЦИ Повеќе од 1 милион деца веќе ја напуштија Украина во потрага по безбедност, соопштува  УНИЦЕФ. Повеќето избегале со своите семејства во Полска, Унгарија, Словачка, Молдавија и Романија.

Светската здравствена организација (СЗО) препорача Украина да ги уништи опасните патогени пронајдени во лабораториите за јавно здравје во земјата за да ја спречи можноста за нивно „бегство“ и ширење на болеста меѓу населението, пренесува МИА.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

„Еднаш неделно, в петок, но по потреба и во други термини, ЦИВИЛ ќе одржува Мулти култи бриф, во кој накратко ќе ја известуваме јавноста за активностите на организацијата во Иницијативата Чекор напред кон мултикултурно општество“, изјави Џабир Дерала на почетокот на првото издание на „Мулти култи бриф“ на ЦИВИЛ.

Под заеднички наслов „Чекор напред кон мултикултурно општество“, ЦИВИЛ од 1 март ги интензивира своите акции со кои ги промовира почитувањето на различностите, недискриминацијата и еднаквоста во општеството.

 

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на првото издание на „Мулти култи бриф“, 11 март 2022 (фото: Г. Наумовски / ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ најостро го осудува крајно сексистичкиот, мизоген, деградирачки и нечовечки однос и говор на омраза, во случајов кон министерката Славјанка Петровска, како и кон секоја жена и девојка, на, и вон социјалните мрежи. ЦИВИЛ постојано ги повикува институциите да преземат соодветни и остри мерки кон секој што произведува говор на омраза, како и граѓанките и граѓаните кои очигледно лесно подлегнуваат под организираната хајка со крајна омраза врз родова основа кон јавни личности, но и кон сите жени што не се изложени директно во јавноста.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски

„Со други зборови, „Макпетрол“ порачува дека, бидејќи му се чепка во џебот, ќе престане да точи гориво на пумпите, па власта нека му ја мисли.

Не знам дали вчерашната реакција на власта за „военото профитерство“ на некои домашни трговци се однесуваше (и) на „Макпетрол“, но на сите ни е јасно дека „вештачкото држење на ниски цени на горивата“ тукушто, од „невештачки“ причини, отиде по ѓаволите. Во синџирот на причините за тоа најважно место заземаат едни тенкови што газат врз една туѓа земја. Како што почна драматично да се покачува цената на барел нафта на светските берзи, можеби ќе стане исплатливо и Македонија да почне да ги експлоатира резервите на нафта кои лежат под Овче Поле. До таму е стигната таа ненормална работа“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Не е фер „Макпетрол“ сега да се заканува“.

Драган Мишев

„Иако неволно, по изгледаното интервју на рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин, ми доаѓа, само од себе, да парафразирам еден поранешен режимски уредник: Лажеш ко Баздникин!

Едно време се уплашив (не од заканите на дотичниот амбасадор), туку од тоа – на толку лажење, да нè почне да му расте носот, па да ми го искрши екранот од телевизорот, и тоа од внатрешната страна.

Но, мора да му се признае една работа на „товаришот“, а тоа е дека е прав политичар, и тоа стара Кагебеовска школа, те гледа у очи, и мртов ладен лаже“, пишува Драган Мишев во блицот „Нешто базди, господине Баздникин“.

УМЕТНОСТА И ПРКОСИ НА ВОЈНАТА

краинска уметница, солистка на украинскиот воен оркестар, Маргарита Мелешко, ја отпеала песната за Командантот Сава непосредно пред да мора да се повлече во засолништето. Маргарита отпеала партизанска песна објави црногорскиот портал Antena M.

Таа ја извела песната со својот колега Јарослав Јус, кој свири на украинскиот национален инструмент бандура.

Д. Муратов

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ