ДРАГАН МИШЕВ
Иако неволно, по изгледаното интервју на рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин, ми доаѓа, само од себе, да парафразирам еден поранешен режимски уредник: Лажеш ко Баздникин!
Едно време се уплашив (не од заканите на дотичниот амбасадор), туку од тоа – на толку лажење, да нè почне да му расте носот, па да ми го искрши екранот од телевизорот, и тоа од внатрешната страна.
Но, мора да му се признае една работа на „товаришот“, а тоа е дека е прав политичар, и тоа стара Кагебеовска школа, те гледа у очи, и мртов ладен лаже.
И не ми е толку криво што ме лаже, туку што мисли дека му верувам. Уверен е дека му верувам. Верува дека му веруваме сите ние, најверојатно опиени од рускиот гас, или напиени од руската нафта.
Па, доколку следи п(а)ортали како ОффЊет, тоа и не е толку чудно.
За крај, ако може да поставам едно прашање? Господине амбасадор, дали сте ја читале Толстоевата „Специјална интервенција и мир“?
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.