Претседателот на Собранието на Косово, Димал Баша, го прогласи Собранието на Косово за конституирано откако Ненад Рашиќ беше избран за потпретседател на Собранието од српското малцинство, објавија косовските медиуми.
Рашиќ е петтиот потпретседател на Собранието.
Тој, исто така, ја прогласи конститутивната седница на Собранието на Косово за затворена.
Ова значи дека сега е отворен патот за формирање на новата влада на земјата, 8 месеци по изборите на 9 февруари.
Ненад Рашиќ, од партијата „За слобода, правда и опстанок“, беше избран за потпретседател на Собранието на Косово, по неуспехот на девет предлози од Српската листа и преминот кон избор на потпретседател преку ждрепка.
Со 71 глас „за“, 9 „против“ и 24 „воздржани“, тој стана еден од петте потпретседатели на Собранието на Косово.
Покрај гласовите од Движењето „Ветевендосје“ и некои од пратениците од немнозинската несрпска заедница, тој ги обезбеди и гласовите на пратениците од Демократската лига на Косово.
Пратениците на Демократската партија на Косово и на Алијансата за иднината на Косово се воздржаа, додека Српската листа гласаше против.
Д. Т.