Приведен е поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски поради сомнеж дека ги злоупотребил службената положба и овластувањата за партиски вработувања.За истото дело се товарат уште четворица вработени во Централниот регистар кои засега се на слобода.
Како што известува Алсат, Поповски е во полиска станица во Скопје, а во меѓувреме Обвинителството треба да донесе одлука за понатамошната постапка против него, случајот го води Финансиска полиција
Б. Ј.












