• Latest

По Газа

October 19, 2023
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

По Газа

October 19, 2023 14:07
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

КАРЛ БИЛД / Project Syndicate

Газа сега е во опасност да потоне во нов пекол. Нема оправдување за ужасниот напад на Хамас против Израел, во кој загинаа околу 1,600 луѓе, од кои многумина беа невини цивили, ниту пак за земањето на заложници. Светот со право го потврдува правото на Израел да се брани.

Но, исто така, мора да размислиме како стигнавме до тука и дали сé уште постои изводлив пат кон регионален мир и стабилност, како за Израелците, така и за Палестинците. Иако се почетни денови на оваа најнова војна, имаме должност да размислиме за различните сценарија.

По координираниот изненаден напад на Сирија и Египет против Израел пред речиси точно 50 години, во октомври 1973 година, Израел се соочи со можноста од пораз. Но, Израелците на крајот ги свртија работите и излегоа како победници, создавајќи услови за постепен процес на ставање крај на непријателствата во регионот.

Откако беше постигнат мир помеѓу Израел и двата негови соседи, прво Египет а потоа и Јордан, секој можеше да се сврти кон прашањето на Палестинците кои живееја под израелска окупација од 1967 година. За таа цел, Договорот од Осло од 1993-95 година ја создаде можноста за иднина во која палестинската држава би постоела мирно покрај Израел, со двете земји дури и споделувајќи го Ерусалим како нивна заедничка престолнина.

Трагично, меѓутоа, двете децении на дипломатски прогрес по војната Јом Кипур беа проследени со три децении на регресија. Силите што беа против помирување и мирен компромис добија предност на двете страни. Палестинските фундаменталисти во Хамас и сличните организации станаа посилни, а израелските екстремисти ги проширија своите илегални населби на окупираната земја што требаше да стане територија на идната палестинска држава. Заедно, фанатиците од двете страни го уништија мостот што Договорот од Осло го изгради.

Но, меѓународната заедница, исто така, сноси одговорност за овој неуспех. Европската унија и САД беа премногу поделени и расеани за сериозно да се вклучат во процес за одржлив мир. На сите им беше полесно едноставно да заборават за палестинското прашање. Дури и пред нападот на 7 октомври, речиси нишно не остана од тоа што Осло го создаде.

Засега, сите ќе посочуваат со прст. Илегалните израелски населби продолжија да се прошируваат, воспоставувајќи систем на де факто апартхејд на Западниот Брег, а палестинската власт изгуби секаков кредибилитет.  Помладите Палестинци очајуваат за нивната иднина, а некои имаат заклучено дека насилството е единствениот одговор.

Неодамнешните Абрахамски договори, кои го отворија патот за нормализирање на дипломатските односи меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, беа несомнено позитивен развој. Но, беше грешка да се верува дека палестинското прашање може да се стави на страна. За очекување беше повторно да се појави порано или подоцна, а со ужасниот терористички напад на Хамас, сега и се појави.

Вниманието на светот е разбирливо насочено кон изјавената намера на Израел дека ќе го збрише Хамас. Наскоро, ќе бидеме сведоци на масовна израелска вооружена операција за уништување на лидерството и инфраструктурата на групата во густо населениот Појас Газа. Но, што ќе се случи откако ќе се постигне таа цел? Дали Израел повторно ќе воспостави директна контрола врз една Газа која што е целосно уништена? Дали ќе дозволи стотици илјади раселени Палестинци да се вратат во своите домови? Или едноставно ќе се повлече и ќе ризикува да дозволи нова закана за нејзината безбедност да се вкорени? Никој не знае, затоа што не постои вистинско решение. Во денешниот Блиски Исток, изолираната Газа секогаш ќе биде проблем, без разлика кој се обидува да управува со неа.

Откако оружјето ќе се стиши и ќе се избројат жртвите, политичките лидери ќе имаат обврска да ја обноват потрагата по мир. Очигледно, емоциите од сите страни се сурови. Но, мора да се запрашаме дали е можно – и што би требало да се направи – за 2023 година да биде почеток на нов мировен процес, нова 1993 година.

Секако, ситуацијата е многу поразлична денес, затоа што позициите се зацврстија на двете страни. Но, добра појдовна точка би била да се вратиме кон основните принципи на Арапската мировна иницијатива од 2002 година. Предлогот, за кој Саудиска Арабија го презеде водството, беше да се понуди дипломатско нормализирање со Израел во замена за ставање крај на окупацијата и давање нова иднина на Палестинците. По една генерација на неуспех, можеби нови лидери ќе се појават – на двете страни – кои ќе се вратат на оваа рамка.

Како и секогаш, ѓаволот ќе биде во деталите. Но, секој мировен процес мора да започне со признавање на основните принципи и мора да биде вграден во поголем меѓународен контекст што ги вклучува големите сили како што се САД, ЕУ, а можеби сега и Кина. Засега, ова е само сон. Но, без една таква визија, најдоброто што може да се постигне е пауза до следната трагедија.

Ужаси нè очекуваат во деновите и неделите што следат. Како што тенковите ќе почнат да влегуваат во Газа, човек може само да се надева дека војната ќе се води на начин што нема да ја уништи можноста за мир во иднина. Почитувањето на меѓународното право, особено меѓународното хуманитарно право, е од суштинско значење.  Тоа е темелот врз кој може да се изгради мирна иднина.

Некогаш одамна, овие земји ја всадија во човештвото надежта на небото. Не смееме да дозволиме тие да потонат во пеколот. Ова се мрачни денови. Сега е поважно од било кога да свети светлината на надежта.

Карл Билд е поранешен министер за надворешни работи на Шведска од 2006 до 2014 година и премиер од 1991 до 1994 година, кога преговараше за пристапување на Шведска во ЕУ. Како познат меѓународен дипломат, беше специјален пратеник на ЕУ во поранешна Југославија, Висок претставник за Босна и Херцеговина, Специјален пратеник на ОН на Балканот и копретседавач на Дејтонската мировна конференција. Тој е копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: After Gaza. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ