Лидерот на Демократската унија за интеграција и коалицијата Европски фронт, Али Ахмети денеска на прес-конференција ќе ги открие чекорите што Фронтот ќе ги преземат во врска со последните политички настани.
Пратениците на Европскиот фронт вчера на конститутивната седница ја напуштија салата каде на дневен ред се одлучуваше за гласањето за претседател на македонското собрание.
Забелешките на Европскиот фронт се дека со новото парламентарно мнозинство легитимитетот на албанскиот глас ќе нема значајност и со тоа се губи тежината на изборите во албанскиот политички кампус.
Елми Азири од Европскиот фронт вчера пред собраниската конституивна седница кажа дека “доколку се случи она што се шпекулира во јавноста дека ќе има коалиција меѓу ВМРО и ВЛЕН верувам дека ќе се соочиме со проблемот на длабока криза на легитимитетот и тогаш се поставува прашањето што да се прави со легитимитетот што го добивме од граѓаните“.
Доскорешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, од коалицијата „Влен“, вчера со 76 гласови „за“ и шест „против“ беше избран за нов претседател на Собранието.
За Гаши гласаа 75-те пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.
Пратениците од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ, како и од Левица, ја напуштија собраниската сала.
Н. Абдурахмани