• Latest

По усвоeната Концепција за основно образование, следува изработка на нови наставни програми

March 5, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

По усвоeната Концепција за основно образование, следува изработка на нови наставни програми

March 5, 2021 09:42
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

По усвојувањето на Концепцијата за основно образование на седница на Владата во вторникот, следна фаза е да се изработат наставни програми за прво и за четврто одделение во кои од наредната учебна 2021/2022 година треба да почне нејзината постепена имплементација.

Министерката за образование и наука Мила Царовска пред десетина дена соопшти дека МОН наскоро ќе објави повици (огласи) за подготовка на наставните програми на кои ќе може да аплицираат автори и експерти кои, како што рече, сакаат да придонесат во градењето ново, современо македонско образование. Вчера таа ги повика сите наставници и професори да се вклучат во подготвувањето квалитетни програми согласно со Концепцијата, за која рече дека е усвоена од Владата откако претходно три месеци имаше дебата и беа вклучени сите засегнати страни.

На увид во градежните работи за доградба на основното училиште „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во населбата Хром, Царовска нагласи дека новата концепција значи и нов стандард и нов квалитет во образованието, но, исто така, и подобрување на инфраструктурата во која се одвива наставата.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше со тврдење дека тоа се само празни зборови зашто ништо од кажаното не е поткрепено со факти.  Опозициската партија ја повика Царовска да  објасни „каков е тој нов стандард и квалитет само со наставен план без наставни програми за кои допрва ќе распишува конкурс, а наставниците ќе ги обучува преку летото“.

Владата по седницата во вторникот, на која беше усвоена Концепцијата за основно образование, соопшти дека во нејзината подготовка биле слушнати и прифатени стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации, а од самиот почеток во подготовката на документот бил вклучен и Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК.

– Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование. Таа е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации. Посебно место има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови, информираше владината прес-служба по усвојувањето на документот.

Целта на Концепцијата е да го реформира основното образование –  учениците да се оспособат за аналитичко и критичко мислење и наместо фактографски да учат суштински низ поврзување различни дисциплини. Предвидува нов наставен план со задолжителни и изборни предмети, при што оние кои ќе бидат опфатени во групите на општествени и  на природни науки ќе се изучуваат модуларно.

Нацрт-верзијата беше претставена во ноември, до 20 јануари таа беше достапна за коментари, забелешки и сугестии на веб-страницата на МОН, а паралелно беа организирани и дебати со професори, директори на училишта, академици, граѓански организации… Согласно со прифатените конструктивни и издржани предлози, на 5 февруари во Собранието беше организирана јавна расправа на која беше презентирана и ревидираната верзија. Тогаш беше соопштено дека предметот Општествени науки, од прво до трето одделение ќе биде насловен Човек и општество, а од четврто до деветто – Историја и општество.

Концепцијата за основно образование е предвидена со Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година и со Законот за основно образование донесен во 2019 година. Ќе се воведува етапно во период од шест години, а ќе почне во прво и четврто одделение во септември годинава.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ