• Latest

Побарајте одговор од надлежните за проблемите кои ве мачат

August 12, 2018

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Побарајте одговор од надлежните за проблемите кои ве мачат

August 12, 2018 13:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ уште еднаш им се обрати на активните граѓанки и граѓани: „Доколку имате некаква дилема, сакате да го искажете своето негодување или барате одговор, како на пример: Ве нема на Избирачкиот список, во вашиот дом има фантоми… имате можност, преку иницијативата #БарамOдговор, дирекно да се обратите до надлежните. Граѓанските новинарки и новинари се тие кои го менуваат светот и без страв известуваат, но и бараат одговори.“ 

Идејата на иницијативата #БарамOдговор е преку видео или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање на политичар/политичарка или јавна личност, градоначалник/градоначалничка, институции (здравство, образование, полиција, труд и социјала…), буквално, на сите институции и лица кои имаат обврска да бидат на располагање на јавноста и да дадат одговор за секое прашање кое ги засегнува луѓето. Според правилата во оваа иницијатива, видео снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали, а прашањето ќе биде адресирано до соодветната институција или јавна личност до кого е упатено прашањето. Одговорот ќе биде објавен, исто така.

Доколку граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, имаат опција да снимаат објекти, таблата со името на некоја институција или некоја ситуација, со рака напишано името на институцијата на парче хартија или да ја снимаат нивната веб страница, додека го поставуваат прашањето.

Во оваа деликатна политичка ситуација, граѓанските новинар(к)и може да одиграат значајна улога во државата, особено во пресрет на Референдумот за договорот со Грција. Граѓанските новинар(к)и, покрај тоа што ќе бараат одговори, тие исто така ќе снимаат и фотографираат сомнителни ситуации, како на пример – агитирање, попречување на гласањето, поткуп на гласачи, заплашување, закани, недолични пораки и транспаренти, говор на омраза…

Прилозите во кои авторката/авторот сакаат да бидат анонимни, ќе бидат соодветно модификувани за да го откријат нивниот идентитет. Но, мора да се запомни дека ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на автор(к)ите, како и на учесниците во настанот што се снима.

Прашањата за #БарамOдговор може да се испратат во видео формат (селфи видео) на civil.macedonia@gmail.com, на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ или на Фејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (како приватна порака).

Како илустрација, на веб страниците Граѓански објектив и на ЦИВИЛ Медиа, како и на фејсбук страниците на организацијата, се објавија повеќе видеа во кои граѓаните поставуваат прашања до институциите со прашања кои, на пример, се однесуваат на подобрување на здравството во Македонија, на иднината на младите, како и промотивното видео со кое се повикуваат граѓанките и граѓаните да проговорат, да снимаат и фотографираат, со овозможен слободен простор на онлајн каналите на ЦИВИЛ, за јавен притисок кон институциите што често се глуви за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Д.Муратов

Tags: @активизам#БарамОдговорвидеограѓанско новинарствоселфиЦивил
Share60TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ