• Latest

Победа на екстремната десница во Австрија, првпат по Втората светска војна

September 30, 2024

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Победа на екстремната десница во Австрија, првпат по Втората светска војна

September 30, 2024 09:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) победи на парламентарните избори во неделата, што е прва победа на крајната десница на австриските парламентарни избори по Втората светска војна, но неизвесно е дали ќе успее да формира владина коалиција.

Австриската крајнодесничарска Партија на слободата (FPÖ) ја отвори вратата за нова ера, им порача на поддржувачите нејзиниот лидер Херберт Кикл, додека тие славеа невидена изборна победа, пренесува Би-би-си.

Победата на Кикл е само последна во низата изборни успеси на екстремната десница во Европа и тој ги пофали гласачите за нивниот „оптимизам, храброст и доверба“ во испорачувањето на „парче од историјата“.

ФПО претходно беше во коалиција, но второпласираната ОВП одби да учествува во владата предводена од Кикл.

Само неколку минути по затворањето на гласачките места во Виена, Министерството за внатрешни работи ги објави првите прогнозирани резултати, според кои на прво место е Австриската партија на слободата, со 29,1 отсто, најдобар резултат во нејзината историја, пренесува МИА.

Резултатот е за 13 проценти подобар од резултатот во 2019 година.

Владејачката Австриска народна партија е на второ место со 26,3 отсто, што е загуба од 11,1 отсто. Австриската социјалдемократска партија губи 0,1 отсто и го забележа најнискиот резултат досега (20,9 отсто).

НЕОС моментално е на четвртото место со 8,8 отсто, постигнат е плус 0,7 процент, Зелените загубија 5,3 отсто и се на петтото место со 8,6 отсто.

Право на учество на изборите за Националниот совет – Долниот дом на австрискиот Парламент имаа 6.346.059 австриски граѓани на возраст над 16 години.

Владата во заминување – коалиција на партијата на Нехамер и Зелените – го загуби мнозинството во долниот дом на парламентот.

Лидерот на ФПО, Хербер Кикл, поранешен министер за внатрешни работи и долгогодишен стратег, кој е на чело на партијата од 2021 година, сака да биде канцелар, но за да го стори тоа ќе треба да најде коалициски партнер за да обезбеди парламентарно мнозинство.

Сепак, лидерите на спротивставените партии најавија дека немаат намера да соработуваат со Кикл во новата влада, потсетува АП.

Главниот ривал на Кикл, актуелниот канцелар Карл Нехамер од ОВП, рече дека е „невозможно да се формира влада со некој што обожава теории на заговор“.

55-годишниот Кикл пред изборите вети дека ќе ги депортира барателите на азил и дека ќе престане да ја поддржува одбраната на Украина од Русија.

Вчера Нехамер повтори дека нема да го назначи Кикл за канцелар во коалициската влада, додека Кикл вети дека нема да ја предаде челната функција на Австриската народна партија доколку ги победи.

Тој рече дека ќе го следи политичкиот модел на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во Австрија преговорите за формирање на владејачка коалиција традиционално траат со месеци, а не со недели, така што преговорите би можеле да се прошират до следната година, пишува Блумберг.

Политичките партии од крајната десница во Европската унија ја прославија неделната победа на парламентарните избори на австриската крајнодесничарска Партија на слободата како поттик за националните конзервативци во услови на подемот на крајната десница кој се припишува на стравот од имигрантите.

Драган Мишев

Tags: Австријаизборипобеда на крајна десница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ