• Latest

Почетокот на испораката на кинеските вакцини ќе се знае деновиве, во тек е втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози

March 2, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Почетокот на испораката на кинеските вакцини ќе се знае деновиве, во тек е втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози

March 2, 2021 09:32
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е и втора постапка за набавка на уште 200 илјади дози од кинеската вакцина, а формализирани се и документите за набавка на руската вакцина „Спутник“. Ова вчера го истакна премиерот Зоран Заев, кој рече дека очекува овие денови да има информација од Кина кога ќе почне испораката на вакцините. Посочи дека се е направено во делот на постапките со цел вакцините што е можно побрзо да дојдат во земјава.

Тој појасни дека авансот за кинеските вакцини е повлечен затоа што се чекала потврда од Министерството за надворешни работи на Кина.

– Авансот е пуштен како дел од процедурата. Парите се тука, на истата сметка на Министерството за здравство. Очекувам позитивна информација за постапката што е започната, посочи Заев и додаде дека денови се во прашање кога ќе може да се потврди испораката на вакцините во Северна Македонија,

Потенцира дека никаде во светот никој не може со точност да каже кога, кој тип вакцина ќе пристигне.

Процесот на вакцинација против Ковид-19 во државава почна пред две недели, но само на директно изложените здравствени работници во ковид – центрите со пратката од 8000 вакцини на компанијата „Фајзер“, што земјава ги доби од Србија.

Се очекува, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, во првиот квартал да стигнат 20 до 30 илјади вакцини преку Ковакс механизмот, а во тек се разговори за набавка и на вакцини од „Фајзер“.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје од направени 1.208 тестирања регистрирани се нови 234 случаи со Ковид-19. Починати се седум пациенти, а 274 се оздравени.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, бројот на оздравени пациенти е 91.507, на починати е 3.144, а на активни случаи изнесува 8.369.

Од вкупниот број активни случаи  3719 се во Скопје. На инфективните оддели во земјата се лекуваат 682 пациенти со Ковид-19 од кои 263 се во Скопје.

Министерството за здравство вчера соопшти дека минатата година се реализирани 446 нови вработувања во јавно-здравствени установи низ државата. Од почетокот на 2020 година, како што посочуваат од Министерството, 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добиле статус на вработени на неопределено време.

– Вложувањата во човечки капитал во здравството не застанаа дури ни во време на пандемија. Пандемијата покажа колку се значајни здравствените работници, тие се столбот на нашето здравство. Со нови вработувања и зголемувањата на платите создаваме услови секој млад здравствен работник својата иднина и кариера да ја гледа во својата земја. Се залагаме за подобрување на условите во кои истите работат и ги слушаме нивните потреби. Отворени сме за соработка со младите како никогаш досега, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ