CivilFest
Categories

ИН МЕМОРИАМ Почина Љубиша Георгиевски

Утрово, на 81-годишна возраст, почина македонскиот театарски режисер Љубиша Георгиевски.

Оваа информација ја обелодени екс-директорот на Драмски театар, Роберт Велјановски на својот Фејсбук профил.

Георгиевски е роден во Битола, во 1937 година. На македонската јавност Георгиевски и е познат и како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата во 1994 година. Тој беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.

Print Friendly, PDF & Email