Осуденикот Џенгис Џемаили (54) вчера починал на скопските клиники, од инфаркт. Тој во петокот бил примен во КПУ Идризово за да ја одлежи казната од 13 години, поради убиство.
Директорот на затворот Боби Мојсоски изјави дека на затвореникот му се слошило додека бил во затворот. Затворениците пробале да му помогнат, по што веднаш бил однесен во болница, но таму констатирале смрт.
„Затвореникот не се жалел на болка и според здравствениот картон, од септември минатата година не побарал никаква интервенција“, рече Мојсоски.
Починатиот затвореникот во петокот бил примен во КПУ „Идризово“, од затворот Скопје каде бил во притвор. Затвореникот бил осуден на 20 години за убиство на Езерото Треска, а на повтореното судење казната му била намалена на 13 години затвор.