Британските конзервативци денеска почнуваат со избор на кандидат за наследник на Тереза Меј, каде најголем фаворит е поранешниот шеф на дипломатијата Борис Џонсон.
Осум мажи и две жени од денеска ќе се борат за функцијата на Тереза Меј, а победникот ќе го заземе и местото претседател на британската влада.
Процесот има две фази. Во првата, 313 конзервативни пратеници ќе се изјаснат за својот фаворит преку серија тајни гласања , сè додека не се дојде до двајца кандидати.
Потоа 160 000 членови на Конзервативната партија го избира победникот. Изборот би требало да заврши до крајот на јули.
Првиот круг на гласање на ториевците ќе биде денеска од 11 до 13 часот, а оние кандидати, кои ќе добијат помалку од 17 гласа, веднаш ќе бидат елиминирани.
Главен фаворит е поранешниот министер за надворешни работи ,Борис Џонсон ,кој важи за голем приврзаник на Брегзитот. Тој најави дека ,доколку стане премиер , ќе ја изведе Британија од ЕУ најдоцна до 31. октомври, без или со договор“, затоа што, како што смета тој, одложувањето значи пораз.