• Latest

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

November 14, 2024
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

November 14, 2024 09:56
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на Собранието, треба да почне во 11 часот.

Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата на 2,2 проценти.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 358,838 милијарди денари или за 13 проценти повеќе, а порастот се темели на поефикасната наплата и борбата со неформалната економија. Вкупните расходи се на ниво од 400,2 милијарди денари или за 10 проценти повеќе во однос на годинава, а дефицитот е на ниво од 41,350 милијарди денари и номинално е понизок за 3,3 милијарди денари.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со Предлог-буџетот се поставени темелите за стабилизација на јавните финансии и економскиот раст. Тој содржи политики и мерки за фискална консолидација и дисциплинирано даночно трошење, како и мерки и политики за поттикнување на економскиот раст.

– Со еден збор креиравме Буџет којшто треба да носи вистински развој на државата. Капиталните расходи се на ниво од 50,65 милијарди денари што претставува зголемување за 13 проценти или 6 милијарди денари во однос на ребалансот на Буџетот за оваа година. Токму на ова го темелиме развојот. Дополнително, износот на капиталните расходи е повисок од номиналниот износ на дефицитот. Она што е најважно е дека креираме решенија за да постигнеме вистинска реализација на капиталните расходи и да ја промениме состојбата од минатото. Тука ќе биде нашиот фокус и затоа ја сменивме и политиката. Политиката вели да поддржиме квалитетни проекти и проекти кои можат да се реализираат во брзо време и да дадат импут во економскиот раст, истакна министерката за финансии на прес-конферецнијата организирана по усвојувањето на Предлог-буџетот од страна на Владата.

Во Предлог-буџетот, според министерката, се намалуваат средствата за непродуктивни трошења како што се ставките за мебел и возила, а обезбедени се средства за поддршка на животниот стандард на хграѓаните, односно средства за зголемување на пензиите за 2.500 денари во март за што се предвидени 105 милијарди денари. За исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието, како и пари за поддршка на ранливите категории за кои се предвидени 14,5 милијарди денари, за здравствена заштита 5,2 милијрди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Опозицијата најави дека нема да даде поддршка на Предлог-буџетот затоа што според нив тој е нереален и неразвоен. Пратениците од СДСМ поднесоа над 200 амандмани.

– Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Владата предвидува раст на БДП од 3,7 отсто за 2025 година, кој нема да може да го оствари, а потврда за тоа се проекциите на Народна банка, која го определи на 3,3 отсто и очигледно најреалната проценка на Светска банка 2,5 отсто. Владина проекција за висок раст на БДП е поставена на нереална основа и има за цел да оправда поголем буџетски дефицит. Ваквиот пристап ќе значи и зголемување на јавниот долг без да донесе никаков развој. Со други зборови ќе трошиме повеќе од тоа што заработуваме, а долгот ќе мораме да го враќаме во иднина веројатно со многу повисоки даноци или со кратење на пари за други подобри јавни услуги. Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој, изјави вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема да дозволи повторно поставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури, порача денеска лидерот на опозициската СДСМ

Поднесените амадмани, како што рече, се направени по сериозни анализи по сектори од експерти кои со години работат на соодветната проблематика и се димензионирани

– Амандманите се димензионирани врз основа на потребите на луѓето кои работат во тие сектори. Понатаму, реално мерени, проценети и очекувања согласно тие амандмани и инвестиции кај што Владата не предвидела средства, понатаму дополнителни пари за подобрување на животниот стандард на граѓаните каде исто така Владата не предвидела средства. Очекувам да покажат добра волја и да ги поддржат овие амандмани поради тоа што овие амандмани се исклучиво направени и така ги предлагаме за граѓаните и за нашата економија, рече Филипче.

И од Демократската унија за интеграција (ДУИ) оценија дека Предлог-буџетот е неразвоен, има зголемување на буџетските расходи, а јавниот долг ќе се зголемува уште повеќе.

– Во една позната изрека на римскиот политичар и државник Цицерон, за буџетот се вели: Буџетот мора да се избалансира, државната каса да се надополни, јавниот долг да се намали, ароганцијата на службениците да се ублажи и контролира. Анализирајќи го Предлог-буџетот, со жалење констатираме дека ниту една од овие карактеристики или атрибути на развоен и демократски буџет, не е ни приближно предвидена во владиниот Предлог-буџет за 2025 година. Зошто го кажуваме ова? Имаме енормно зголемување на буџетските расходи, касата нема да се полни затоа што не се почитуваат фискалните правила со дефицит, кој сега е уште поголем од 2024. Јавниот долг уште повеќе ќе се зголеми и сето тоа покажува дека ароганцијата на функционерите ниту се скратуваат ниту се контролираат, истакна генералниот секретар на партијата Фатон Ахмети на вчерашната прес-конференција.

Комисиската расправа, според новиот Деловник, би можела да трае до 30 ноември по што Предлог-буџетот треба да биде донесен на пленарна седница. Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА соопшти дека во втората половина на декември се очекува Предлог-буџетот да се најде на пленарна седница.

– По новиот Деловник, веќе е утврден крајот на ноември односно 30 ноември како последен датум кога треба да заврши комисиската расправа. Потоа се носи предлогот до Влада, очекуваме Владата да го дополни предлогот и во втората недела од месец декември треба да биде свикана пленарната седница, која трае пет дена и се надеваме дека во рамки а тие четири – пет дена ќе биде донесен буџетот за 2025 година, изјави Гаши во интервју за МИА.

Извор: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ