Додека републиканците продолжија да го бранат Доналд Трамп по невидениот претрес од Ф.Б.И на резиденцијата на поранешниот претседател на Флорида, на виделина излегоа длабоки пукнатини во поддршката на партијата за спроведување на законот. Додека некои републикански конгресмени го нападнаа Ф.Б.И и други врвни агенции за спроведување на законот, други ги казнуваа своите колеги и беа повоздржани во критиките, пренесува Њу Јорк Тајмс.
Во петокот, федерален судија издаде налогот со кој се овластува претресот и пописот на предметите отстранети од имотот на Трамп од страна на федералните агенти. Списокот покажа дека Ф.Б.И. има добиено 11 комплети доверливи документи како дел од истрагата за потенцијални прекршувања на Законот за шпионажа и два други закони.
Многу републиканци повикаа на објавување на изјавата за поддршка на налогот за претрес, што ќе открие што го убедило судијата дека постои основана причина да се верува дека со претресот ќе се најдат докази за злосторства. Таквите документи обично не се објавуваат пред да се поднесат обвиненијата.
Аналогно на овие настани, во четвртокот вооружен маж нападнал Ф.Б.И. канцеларијата во Синсинати, а во петокот Одделот за домашна безбедност предупреди на „зголемување на заканите и акти на насилство“ против органите на прогонот, „вклучувајќи и закана да се постави таканаречена валкана бомба пред Ф.Б.И. штаб и издавање генерални повици за „граѓанска војна“ и „вооружен бунт“.
Трамп тврди дека тајните досиеја што Ф.Б.И. ги заплени во неговата резиденција на Флорида биле предходно декласифицирани.
Д.М.